Кинески конзорциум презема голем дел од синџирот на хотели Хилтон
Објавено во: Економија 24 Октомври, 2016
Кинескиот конзорциум ХНА ќе презеде 25% од сопственичкиот удел на синџирот на хотели Хилтон и со оваа инвестиција планира да се етаблира на глобалниот хотелиерски бизнис.
ХНА соопшти дека планира да прерасне во голема интернационална туристичка компанија која во чекор ќе го следи се поголемиот број на Кинези кои патуваат во странство за туризам и деловни активности.
„Веруваме дека од договорот ќе имаме заеднички придобивки, ќе отвориме нови можности за нашите брендови и гости ширум светот, посочи Кристофер Џ. Насета“, извршниот директор на Хилтон групацијата.
ХНА е една од најбрзо растечките кинески туристички компании која поседува или учествува во над 2000 хотели од најмоќните брендови како Радисон, Парк Плаза и Карлсон.