08 Мај, 2024
0.0245

Лагард: Вакцинацијата има бавен тек во ЕУ, најмногу стравувам дека владите може „брутално“ да ги прекинат стимулативните мерки

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека нејзиниот најголем страв не е дека Европската Унија ќе западне во „планина“ долгови, туку дека владите можат „брутално“ да ги прекинат стимулативните мерки.

Таквите програми, додаде таа, мора „постепено“ и внимателно да се релаксираат.

„Ова е најтешкиот и најсуптилниот момент кога треба да се направат проценки“, рече Лагард во интервјуто за Си-Ен-Ен.

Некои политичари се загрижени дека земјите ќе позајмат премногу за да ја поддржат економијата оваа година, но Лагард не мисли така.

Владите издвоија милијарди долари помош во текот на изминатата година за да го ублажат економскиот шок предизвикан од пандемијата на Ковид-19, со поддршка на централните банки, како што е ЕЦБ.

Европските лидери исто така одобрија пакет за економско закрепнување од 1,8 милијарди евра и буџет за помош во зајакнувањето на економиите на ЕУ кога ќе помине кризата. Лагард, сепак, нагласува дека дури и кога економијата ќе почне да се подобрува и закрепнува, политичарите не треба да ја повлекуваат поддршката прерано. Во својата најнова прогноза, објавена во декември, ЕЦБ предвиде дека европската економија ќе порасне за 3,9 проценти во 2021 година, а производството ќе достигне одредено ниво пред пандемија до средината на 2022 година.

Лагард истакна дека ваквите прогнози во голема мера зависат од вакцинацијата, која има бавен почеток во Европската унија.

ФОТО/EPA

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување