08 Мај, 2024
0.0277

МАКЕДОНСКА РЕАЛНОСТ: Ниту две минимални, ниту една просечна плата не може да ја покрие минималната кошничка

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Расте минималната потрошувачка кошничка во земјава, при што таа не може да биде покриена ниту со две минимални плати кои се движат околу 15.000 денари, ниту со една просечна македонска плата која е нешто над 27.000 денари.

Потрошувачката кошница во октомври изнесувала 33.704 денари, соопшти  Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Кристина Ампева од Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип вели дека само се констатира висината на потрошувачката кошничка, но ништо не се презема за зголемување на платите. Нагласува дека трошоците за живот постојано растат. Двајца вработени во текстилниот сектор не можат да си ја дозволат оваа потрошувачка кошничка која чини скоро 34.000 денари, а при тоа станува збор само за основни трошоци.

„Тоа се основни минимални трошоци, а во светот се зборува за плата за живот. Освен храна, сметки, облека, обувки, каде ни се тука пари за култура, за здравството сега во време на корона кога ни требаат повеќе средства и кога многу луѓе или останаа без работа или се со намалени плати? Треба да зборуваме за плата достојна за живот, како во другите земји каде освен стандардните трошоци се пресметуваат и заштеди“, вели Ампева.

Социологот Милева Ѓуровска вели дека за оваа тема треба многу повеќе да се говори, затоа што минималната и просечната плата се во голем расчекор со потрошувачката кошничка. Таа додава дека и високо образованите кадри во земјава со години стагнираат со платите.

Имаме релативна и апсолутна сиромаштија, и во 21 век треба да ги користиме сите цивилизациски придобивки. Таа релативна сиромаштија можеби не опфаќа само 4 отсто од населението, но другите слоеви се туркаат во тотална или апсолутна сиромаштија. Сега во овие услови државата е во една незавидна положба и луѓето имаат разбирање, сфаќаат дека треба да се преживее, тие се солидаризираат, но ова треба да се реши со една културна дискусија и на еден цивилизиран начин“, објаснува Ѓуровска.

Таа додава дека ако не се преземат мерки, во иднина може да се случи и 50 отсто од населението да се соочи со сиромаштија, што ќе биде поразително. Според неа, потребна е поголема синдикална активност за да нешто се смени, и освен текстилните работници, треба и другите да го кренат својот глас.

Во кошничката, исхраната и пијалоците учествуваат со 14.092,64 денари, домувањето со 10.812,82, хигиената со 2.388,61, а превозот со 2.469,16 денари.

За облека и обувки се потрошиле по 2.157,26 денари, за култура 1.066,79, додека за одржување на здравјето вкупно 716,91 денари.

Просечната месечна нето-плата, за август 2020 година, изнесуваше 27.535 денари.

Во државата најсиромашни се семејствата со повеќе деца, но и оние со четири члена, односно двајца родители со две деца.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување