ММФ: Каков раст и инфлација предвидува за Македонија?
Објавено во: Економија 13 Ноември, 2017
Меѓународниот монетарен фонд ја ревидира прогнозата за економскиот раст на Македонија.
Од ММФ за годинава од 3,2% сега прогнозираат раст од 1,9%.
Наведуваат дека буџетскиот дефицит ќе се зголемува, а стапката на невработеност за две години ќе се намали до 23%.
ММФ во регионалниот економски извештај објавен денеска, додава дека инфлацијата во Македонија годинава ќе биде 0,3%, наредната 2,6, а во 2019 година 1,9%.
За следната година ММФ предвидува раст на македонскиот БДП од 3,2%, а во 2019 година од 3,4%.
Европската комисија предвидува дека Македонија годинава ќе ја заврши со економски раст од 1,7%, а за следната година предвидува раст од 2,7%.
НБРМ, пак, очекува растот на БДП годинава да биде само 0,5%, додека Министерството за финансии очекува раст од 1,6%.