09 Мај, 2024
0.0255

Нина Ангеловска: Не се туркајте по банките за платежните картички

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Нина Ангеловска, министерката за финансии, упати апел и молба до сите граѓани корисници на домашна платежна картичка од проектот „Купувам домашно“ да не прават непотребен метеж во банките, туку да чекаат електронско известување дека може да ги подигнат истите.

„Не го ризикувајте здравјето и избегнете одење во банките и чекање во редовите.
Сите 320.000 граѓани ќе ги добијат своите картички во предвидениот рок, најдоцна до 18ти јули. Секоја банка има свој распоред на печатење и издавање на картичките.
Одењето во банка нема да го забрза процесот и доколку картичката не е изработена нема да може да биде издадена. Ако имате прашање за банката издавач - контакт центрите на сите банки стојат на располагање.

На kupuvamdomasno.gov.mk внесете го својот ЕМБГ. Проверете која банка ќе ви ја издаде картичката и кликнете на линкот на банката.
Тука ќе ги добиете сите информации за кога вашата картичка ќе биде готова.
Банките и преку СМС ги известуваат корисниците на картичката кога истата може да ја подигнат или кога ке им биде доставана на домашна адреса.
Посетете ги страните на банките издавачи за информирање, а доколку и понтаму имате прашања нивните кол центри ви стојат на располгање“, повикува Ангеловска.

Откако вчера беше регистриран метеж пред банките, бидејќи голем број граѓани дојдоа да си ги подигнат платежните картички, од банкарскиот еснаф во земјава сакаат да ја известат јавноста дека во проектот „Купувам домашно“, преку кој во следните недели треба да се изработат и дистрибуираат до крајните корисници низ целата држава над 330.000 платежни картички, банките се посветени на неговата реализација, притоа преземајќи ги сите мерки соодветни за заштита на јавното здравје.

„Во врска со домашната платежна картичка, секоја од банките вклучени во проектот има воспоставено свој протокол за издавање на картичките. Согласно важечките политики и процедури, повеќето банки, издавањето на домашната платежна картичка го организираат на начин што на клиентите, доставуваат СМС-пораки со информации за филијалата или експозитурата, датумот и часот за подигнување на картичката за секој клиент одделно. Секако, во примена се и веб-решенија и контакт-центрите на банките, со што потребата од доаѓање во филијалите и ескпозитурите  за информирање е сведена на минимум“, велат од Македонската банкарска асоцијација. 


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување