08 Мај, 2024
0.0233

ПРВО ЛОКАЛНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА КРЕИРАЊЕ ПОВЕЌЕ И ПОДОБРИ РАБОТНИ МЕСТА

Објавено во: Економија, Мои пари 18 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Намалување на невработеноста, особено меѓу младите и жените, развивање работни вештини и искуства, како и креирање нови, подобри работни места во локалната економија, се главните цели на првото Локално партнерство за вработување (ЛЕП)кое во нашата земја го поддржа Меѓународната организација на трудот (МОТ) во рамки на проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, со финансиска поддршка од Европската Унија.

„Соочени со последиците од кризата предизвиката од КОВИД-19, со прогноза од околу 40.000 загрозени работни места во земјата, локалните партнерства за вработување може да послужат како алатка за рестартирање на пазарот на трудот на локално ниво, со наменски креирани решенија за конкретните предизвици со кои се соочуваат локалните заедници. Искуството на МОТ со спроведување на ЛЕП покажало дека тие претставуваат ефективен механизам за креирање на работни места“, изјави Маркус Пилгрим, директор на МОТ за Централна и Источна Европа.

„Концептот на ЛЕП овозможува ефикасна соработка меѓу општините, агенциите за вработување, претставниците на бизнисот, образовните институции и граѓанските организации, кои најдобросе запознаени со состојбата, можностите и потребите на локалниот пазар на трудот и се во најдобра позиција да препорачаат ефективни интервенции за креирање на работни места“, додаде Пилгрим.

Со поддршка од 100.000 ЕУР за спроведување на иновативните идеи за креирање работни места, се очекува развој на 40 нови бизнис идеи, финансирање на 8 старт-апи со доделување грантови, и креирање на дополнителни 40 квалитетни работни места.

„Задоволни сме што токму Битола е првата општина во нашата земја од каде стартува имплементацијата на локалните партнерства за вработување.Сите активности што ќе произлезат и ќе се спроведуваат во рамки на овој проект ќе ги координира локалниот трипартитенекономско-социјален совет на Битола. Тоа покажува дека како локална заедница располагаме со соодветен капацитет за успешно имплементирање на оваа нова форма на дијалог и соработка што треба да доведе до зголемување на вработувањето. 

Сигурна сум дека со посветена работа, споделување на обврските и со заложба од сите страни вклучени во ова партнерство ќе успееме да ги исполниме и надминеме поставените целии на тој начин да креираме нови можности за вработување на младите и да го поттикнеме економскиот развој на нашата заедница“, изјави градоначалничката на Општина Битола и претседателка на локалниот економско-социјален совет, Наташа Петровска.

Во првото Локално партнерство за вработување во Битола учествуваат следниве институции и организации: Општина Битола, Агенцијата за вработување, Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Техничкото средно училиште „Ѓорѓи Наумов“, Регионалната канцеларија на Стопанската комора, Фондацијата за одржлив економски развој - ПРЕДА, Младинскиот културен центар и организацијата „Интерворкс“ од Битола.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување