08 Мај, 2024
0.0259

Системот се преоптовари: Продолжен рокот за барањата за субвенции на платите

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Масовно се поднесуваа барањата за државна помош за исплата на плати за октомври, ноември и декември па УПравата за јавни приходи синоќа одлучи да го продолжи рокот за поднесувањето до 12 ноември годинава. Од УЈП велат дека пролонгирањето е поради доцната објава во Службен весник на сите правилници за обрасците според што самите обрасци за пресметка на платата и субвенцијата беа посатвени на веб платформата на УЈП вчера утрото.

Барањата вообичаено се поднесуваат до 10 во месецот за претходниот месец 

Поради подоцнежна објава во Службен весник на Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците и Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност, кои се основ за достапност и поставување на обрасците БФП-ИП/2 и БФС-СВД/2 на веб платформата на УЈП, како и поради масовно поднесување на истите веднаш по поставувањето што придонесе до преоптоварување на системот, рокот за нивното поднесување се продолжува до 12 ноември 2020 година, стои во објавата. 

Финансиската поддршка за исплата на плати е мерка дел од Четвртиот пакет кој го донесе Владата. Финансиската поддршка е за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, но барањата се поднесуваат електронски преку системот Е-ПДД, за секој месец посебно.

За користење на финансиската поддршка, работодавачот-барател на финансиска поддршка треба да ги исполни некопи услови. Приходите за секој месец да се намалени за најмалку 30 отсто во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени во периодот од месец април 2019 година заклучно со месец септември 2019 година, октомври 2019 година или ноември 2019 година. Потребно е и бројот на вработени во месецот за кој се бара финансиска поддршка од овој закон да е ист или поголем со бројот на вработени заклучно со месец август 2020 година, со исклучок на одјавените работници со оправдан основ на престанок на работен однос и работодавачот-барател на финансиска поддршка да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност.

Работодавачот не може да користи финансиска поддршка за исплата на плати за работник доколку работникот за месец јуни, јули, август или септември 2020 година, остварил нето плата повисока од 39.900 денари за секој месец одделно, ако користи ослободување од плаќање на данокот на личен доход и придонеси од задолжително социјално осигурување.

Владата ги усвои измените на 22 октомври. Според измените работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до 21.776 денари по вработен.

Министерството за финансии смета дека на ваков начин ќе се инјектираат 70 милиони евра.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување