08 Мај, 2024
0.0287

Судска одлука за привремено „замрзнување“ на дел од имотот на Скопски пазар

Објавено во: Економија 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Судија на претходна постапка донесе одлука за привремена мерка со која Скопски пазар нема да може да оттуѓи дел од својот имот и тоа конкретно недвижност заведена во ИЛ бр.1782 за КО Ресен (деловен објект и земјиште) додека трае постапката поведена од Јавен обвинител. Одлуката е донесена поради спор кој е поведен од акционери кои тврдат дека се оштетени од Скопски пазар АД Скопје.

- Заради обезбедување на имотно-правно барање на оштетените акционери во Скопски пазар АД Скопје, се определува привремена мерка-забрана на Скопски пазар АД Скопје да ja оттуѓи или оптовари својата недвижност или стварни права кои врз недвижноста се запишани во негова корист со прибелешка на таа забрана во јавна книга и тоа: недвижност заведена во ИЛ бр.1782 за КО Ресен (деловен објект и земјиште). Привремената мерка ќе трае до завршување на постапката, се наведува во објавата на Скопски пазар на Македонска берза.

Инаку Јавното обвинителство бараше од судот да донесе одлука за забрана за оттуѓување или други промени на недвижниот имот и хартиите од вредност кои се во сопственост на Скопски пазар, но тоа барање е одбиено како неосновано.

- Предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје КО 3 бр.192/16 од 21.02.2017 година , уреден со поднесок од 05.05.2017 и од 19.05.2017 година, за определување на привремена мерка за обезбедување на имотно-правно барање спрема СКОПСКИ ПАЗАР АД Скопје со ставање забрана на Друштвото да ги оттуѓи хартиите од вредност запишани во негова сопственост при Централниот депозитар за хартии од вредност се одбива како неоснован.

Предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје КО 3 бр.192/16 од 21.02.2017 година , уреден со поднесок од 05.05.2017 и од 19.05.2017 година, за определување на привремена мерка за обезбедување на имотно-правно барање спрема СКОПСКИ ПАЗАР АД Скопје, по однос на целокупниот недвижен имот запишан во јавните книги и цитиран во Решението II КПП бр.126/17 од 22.05.2017 година под римско III. како и по однос на недвижноста заведена во Имотен лист бр. 1782 за КО Ресен во делот “да ја дава под закуп“, се отфрла, информира Скопски пазар.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување