Тектонски промени во Opel, новиот директор под огромен притисок
Објавено во: Економија 12 Јуни, 2017
Карл-Томас Нојман си поднесе оставка од позицијата генерален директор на европската дивизија Opel која е дел од General Motors. Њуман во последните четири години се истакна како доста способен менаџер кој ја врати вредноста на германскиот производител, но засега не се знае зошто точно се реши на ваков потег.
Се шпекулира дека Нојман не се согласувал со политиката на новите сопственици кои ја потценувале можноста за развој на електричните возила. Постои опција Њуман да биде нов директор на луксузната линија на уште еден германски бренд Audi, или пак да ја преземе дизел секцијата на Volkswagen.
Opel е пред комплетирање на преземањето од страна на францускиот автомобилски гигант PSA Group кој планира да го зголеми пазарното учество во Европа покрај брендот Peugeot кој веќе го поседува.
Opel сега доби и нов човек кој ќе раководи со марката под притисокот што го постави новиот сопственик PSA. Михаел Лошелер ќе има задача да го врати Opel во профитабилната зона најдоцна до 2020 година. Тоа е работниот налог од шефот на францускиот PSA, Карлос Таварес.