17 Мај, 2024
0.0271

Во последните пет години Еуростандард натрупала загуби од 18 милиони евра - еве кои се најкритични години

Објавено во: Економија 17 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупната загуба на Еуротандард банка за последнве четири и пол години изнесувала близу 18 милиони евра, велат за Фактор од Народна банка на Македонија.

Фактор се интересираше какви всушност загуби имала Еуростандард банка во изминатите години, и немаше ли шанса да се одбере некое друго решение наместо да се одземе лиценцата за работа и да се предложи стечајна постапка. 

Од Народна банка на Македонија ни ги презентираа бројките, од кои се гледа дека во 2016 година Еуростандард банка имала загуба од 36 милиони денари, или 585 илјади евра.

Затоа, пак, во наредната 2017 година банката на бизнисменот Трифун Костовски влегла во зоната на позитивата, и остварла добивка. Нејзиниот позитивен финансиски резултат во таа година изнесувал 12 милиони денари, или околу 200 илјади евра.

За жал, радоста не траела долго, па веќе во 2018 година банката влегува во огромна загуба. Или, нјзиниот негативен финансиски резултат за 2018 година изнесувал дури 389 милиони денари, или 6,3 милиони евра.

Всушност, како што за Фактор тврдат банкарски извори, состојбата со Еуростандард банка станува критична токму во октомври 2018 година, и оттогаш почнуваат мерките и обидите за нејзина санација, кои за жал, не вродија плод, па Народна банка побара клуч на врата за Еуростандард.

Но, наместо состојбата да се подобри, во следната, 2019 година, станува уште полоша, па загубата достигнува двојно повеќе, или цели 776 милиони денари, што е рамно на 12,6 милиони евра.

Или, како што велат од централната банка, заклучно со јуни годинава загубите достигнале 18 милиони евра.

Еве го всушност одговорот што Фактор го доби од централната банка.

Еуростандард банка во билансот на успех во 2016 година прикажа загуба во износ од 36 милиони денари, во 2017 година добивка од 12 милиони денари. Почнувајќи од 2018 година, Банката во билансот на успех прикажува загуба, и тоа во 2018 година во износ од 389 милиони денари, а во 2019 година 776 милиони денариЗаклучно со јуни 2020 година, со вклучување на неиздвоената исправка на вредност утврдена од страна на Народната банка, загубата на банката изнесува 1,1 милијарди денари“, велат монетарните власти.

Од Народна банка на Македонија тврдат и дека Еуростандард банка имала кредити што не можела да си ги наплатаи од 58,5 милиони евра. Или, над 60 отсто од вкупното кредитно портфолио на банката.

„Вкупниот износ на кредитите кои се нефункционални, односно за коишто во рамки на супервизорските активности се констатирани загуби и целосна или делумна ненаплатливост, којашто се има одразено на капиталната позиција на Еуростандард банка изнесува 3,6 милијарди денари, што претставува нешто над 60 отсто од вкупното кредитно портфолио на Банката“, ни изјавија од централната банка.

А минатата недела, пак, акционерите на Еуростандард банка, таткото и синот Трифун и Коста Костовски, обвинија дека одземањето на дозволата на Еуростандард банка е смислено сценарио кое се подготвувало неколку месеци наназад во централната банка. Ако се отвори врз банката стечај, тој ќе ја тужи државата и Народна банка пред меѓународен суд. 

Костовски откри и дека за банката постоел заинтересиран инвеститор, компанија формирана во Дубаи, но како што рече, од НБМ не сакале да одвојат ни пет минути за разговор со нив, ниту да ја почекаат понудата што овој потенцијален инвеститор требало да ја испрати во петокот минатата недела, туку побрзале да ја преземат банката два дена претходно. 

Од Народна банка, пак, овие наводи ги оценија како клевети и невистини, тврдејќи дека за банката не бил прикажан инвеститор кој би се сметал како реално и одржливо решение, ниту се обезбедила потребната докапитализација, па тие морале да ја преземат оваа мерка за да ги заштитат интересите на депонентите. 

Како Еуростандард банка западна во толку тешка неповолна остсојба, да мора да се оди на најнепопуларното решение, а тоа е стечај врз банката, сопственикот Костовски во петокот прстот го впери кон поранешниот претседател на Управниот одбор, Николче Петковски. 

Костовски рече дека и самиот чувствува вина што како претседател на Надзорниот одбор, кој всушност врши контрола врз управниот, дозволил Петковски да ја доведе банката во таква ситуација. 

Вчера возврати и Николче Петковски. 

Тој вели дека Костовски и неговиот син секогаш имале увид во случувањата со банката и како раководители биле целосно инволвирани во дневните операции на банката и целосно биле запознаени со состојбите и случувањата.

„Јас, иако не сум во банката веќе 11 месеци и не ја знам сегашната состојба, сепак сум сигурен дека со одговорно водење на стечајната постапка ќе има доволно средства да се исплатат доверителите, па дури можеби и акционерите ќе успеат да добијат нешто од нивните вложувања, но оние реалните, а не наводните 60-70 милиони EUR споменати на прес конференцијата“, додава на крај Петкоски и побара јавно извинување од Костовски.

Министерката за финансии, пак, Нина Ангеловска, денеска со ново соопштение објасни до јавноста дека средствата од Еуростандард банка ги повлекувала уште од минатата година и не ги префрлала во други банки, туку ги користела за други инвестиции.

А сега за тоа дали врз банката ќе се отвори стешајна постапка, треба да пресече надлежниот суд. 

Од НБМ за Фактор во петокот минатата недела потврдија дека барањето за стечај веќе го доставиле до судот, но не се надлежни за стечајната постапка. Само велат дека ако таа добро се води, доверителите ќе се намират, а особено штедачите кои имаат предност.

„Народната банка не е надлежна за стечајната постапка. Нашата надлежност завршува со отворање на стечајната постапка, кога управувањето со целокупниот имот го презема стечајниот управник. Доколку стечајната постапка се води успешно, може да се очекува брза и ефикасна наплата на побарувањата на доверителите на Еуростандард банка, а пред сѐ депонентите кои имаат приоритет при наплата. Барањето за отворање на стечајна постапка е веќе доставено до судот кој има обврска во рок од три дена да донесе решение за отворање на стечајна постапка и да назначи стечаен управник“, објаснија од централната банка.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА