05 Декември, 2025
0.1768

Сопственикот на банката обвинува: поранешниот директор Петковски го натера вујко му да формира фирма со пет илјади евра, а потоа му даде кредит од 1,2 милиони евра

Објавено во: Економија 14 Август, 2020 18:18

Добивај вести на Viber

На денешнта прес конференција Трифун Костовски рече дека главниот виновник за тоа што банката западна во ваква тешка состојба, е поранешниот претседател на Управниот Одбор, Николче Петковски, кој долги години беше на кормилото на банката.

„Кога и после долго време ќе го пршав - каде се парите што пропаднаа, тој ми вели дека се во банката, но јас не можам да ги најдам тие пари во банката. Ги нема ниту на сметка во банката, ниту во трезор, ниту никаде. Не може да ги нема парите, а да не пропаднале“, обвини Костовски.

Рече дека ќе поднесе кривична пријава против Николче Петковски за злоупотреби и дека ќе го гони до крајот на животот за тоа што ја довел банката во ваква ситуација, но најмногу заради тоа што во ваква ситуација се доведоа клиентите. 

Но, како што нагласи бизнисменот, тој не сака да се иззема и себеси од одговорност, што му верувал на Петковски, и што го превел буквално жеден преку вода.

„Што да кажам, јас бев претседател на Надзорен одбор, што всушност треба да биде контрола над Управниот одбор, но не успеав да ги спречам тие лоши пласмани што и пресудија на банката. Ете бев преведен жеден преку вода“, рече Костовски на денешната прес конференција.

За да долови каква штета нанел Петковски, Костовски рече дека го натерал неговиот вујко да формира фирма со само пет илјади евра непаричен влог, а бргу потоа му дал кредит од 1,2 милиони евра.

„Но, вече за три дена ги немаше парите“, тврди Костовски.

Вели и дека наводно, Петковски со својот вујко, како претседател на УО, склучил договор за прочистување на воздухот во банката, за дури 80 илјади денари месечно.

А новинарот Саше Ивановски имаше серија прашања на оваа тема на денешниот прес. Тој го праша Коста Костовски дали е точно дека и тој давал амин на овие кредити што ги одобрувал Петковски, а кои ја заглавија банката, но таткото и синот тоа го демантираа.

За досегашниот директор, пак, Горан Трајковски, Трифун Костовски имаше само пофални зборови. Рече дека Горан Трајковски немал ни пет дена да работи во нормални околности, туку постојано морал да се грижи за наплата на лоши побарувања на банката.

„Горан Трајковски беше вовлечен во еден маѓепсан круг, во кој банката беше во лоша состојба, а НБМ имаше преземено мерки врз банката. Но, Горан Трајковски даде голем придонес и наплати голема сума на побарувања, што значи многу помогна за банката“, нагласи Костовски. 

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала