05 Декември, 2025
0.0884

Се јави екс-директорот на Еуростандард кој беше обвинет од Трифун Костовски дека му ја уништил банката: Тој даваше лажни ветувања, барам извинување

Објавено во: Економија 16 Август, 2020 14:33

Добивај вести на Viber

Николче Петкоски, поранешниот директор на одборот на Еуростандар, кој изминатата недела беше јавно обвинет од сопственикот Трифун Костовски дека му ја уништил банката со лоши пласмани по што Народна банка ја одземала лиценцата, се огласи во јавноста, со тврдење дека немал такви овластувања за да може да биде одговорен.

„Јас од 01.10.2019 година немам никаков контакт со банката во поглед на нејзините операции. Иако до 29.11.2019 година бев и формално Претседател на Управниот одбор на банката, мене ми беше оневозможено да имам било каков увид во работењето на банката, како што напоменав, почнувајќи од 01.10.2019 година. Уште повеќе, од 14.03.2020 година не сум ни вработен во банката.

Во банката сум од декември 2009 година, а од февруари 2010 година до моето заминување десет години ја извршував функцијата на Претседател на Управен одбор на банката.Управниот одбор на банката, се состои од два члена и се грижи за оперативното работење на банката. Над Управниот одбор е Надзорниот одбор кој ги именува и разрешува членовите на Управниот одбор и кој има контролна улога. Управниот одбор секој месец поднесуваше извештај до Надзорниот одбор за работењето на банката. Кредитите се одобруваат од страна на Кредитен одбор, а одредени кредити, над одреден процент од капиталот на банката,  се предмет на одобрување од страна на Надзорниот одбор. Претседател на кредитниот одбор беше Коста Костовски, со позиција Асистент на Управниот одбор. Претседател на Надзорен одбор беше Трифун Костовски. Оваа ситуација ја затекнав во банката со моето доаѓање и беше непроменета се до моето заминување.

Покрај ова, во банката постојат и други служби како што се Центарот за управување со ризици и Центарот за внатрешна ревизија кои го контролираат кредитното портфолио и истите директно на месечна основа реферирале пред Надзорниот одбор“, вели Петкоски во дел од соопштението.

Тој вели дека Костовски и неговиот син секогаш имале увид во случувањата со банката и како раководители биле целосно инволвирани во дневните операции на банката и целосно биле запознаени со состојбите и случувањата.

„Затоа обвинувањата за давање кредити на ново регистрирани фирми, одлевање на средства без трага, за плаќање на фиктивни фактури и сл., се во најмала рака смешни. Постои Централен регистер, кредитен регистер, досиеја во банката. Па може лесно да се провери која компанија кога е формирана, од кого, колку долго работи, кога и колку кредитно се задолжила“, вели тој.

Вели дека негова задача била да обезбедува докапитализирање на банката, која во 2009 ја стекнал со 27,8 милиони евра, а во 2019 кога си заминал со биланс од 161 милиони евра. Кредитното портфолио во меѓувреме нараснало од 12,5 на 97 милиони евра.

Според него, еден од неговите успеси е што Еуростандард банка АД Скопје стана сопственик на 100 отсто од акциите на Поштенска банка АД Скопје и ја припои Поштенска банка АД Скопје во 2014 година, а во декември 2016 година беше потпишан нов договор со Македонска пошта АД Скопје.

Вели дека до 2019 успеал да го наплати побарувањето од Фи-ком а до истата година банката се стекнала со имот – деловната зграда во која беше сместена Централата на банката. 

„Групацијата во сопственост на семејството Костовски се стекна (дел директно дел индиректно преку банката) со две деловни згради со над 8,000 m2во строгиот центар на Скопје. До 2019 - банката стана најголем акционер во Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје и Централен депозитар на хартии од вредност АД Скопје“, смета Петкоски.

Како што вели тој, во меѓувреме она што било обезбедено како дополнителен капитал од страна на акционерите биле само 1,5 милиони евра постоечки депозити во банката на нивни компании кои подоцна биле претворени во капитал. 

„Преостанатите докапитализации во најголема мера беа обезбедувани од моја страна и пласирани преку компаниите на акционерите, иако тоа не е дел од обврските на претседател на Управниот одборРастот на банката не беше следен со соодветен раст на капиталот кој требаше да биде обезбеден од страна на акционерите. Првите барања од страна на Народната банка за потреба од дополнителен капитал е со Решение од 11.03.2013 година. Тогаш за пресметка на коефициентите предвидени со супервизорските стандарди можеа да се користат повторно само нешто над 7 милиони EUR, овој пат на кредитно портфолио од преку 50 милиони EURнаспроти кредитното портфолио од 12,5 милиони EURод 2009 година. Од тогаш наваму на сите состаноци со претставници на Народната банка секогаш беше потенцирана потребата за дополнителен капитал“, гласи неговата реакција.

Петкоски вели дека Трифун Костовски бил тој кој преговарал со Народна банка и давал лажни ветувања, а ги поставува и следните реторички прашања, за кои вели дека нема одговор.

„-  Дали акционерите како физички лица и нивните компании имаат депозити во банката во моментот на одземањето на дозволата за работа (притоа, не мислам на субординираните и хибридните инструменти)?

-  Дали како физички лица и нивните компании имаат депозити во други банки?

-  Дали во последните месеци имало од нив како физички лица или од нивните компании повлекување на средства и одлевање во други банки?

-  Дали во последните месец - два од страна на членови на раководството на банката имало повлекување на депозити?

Јас немам информации за ова и не ги знам одговорите, но истите ќе помогнат за да можат клиентите на банката да ја оценат „грижата и сериозноста“ на акционерите за обештетување на клиентите.

Јас, иако не сум во банката веќе 11 месеци и не ја знам сегашната состојба, сепак сум сигурен дека со одговорно водење на стечајната постапка ќе има доволно средства да се исплатат доверителите, па дури можеби и акционерите ќе успеат да добијат нешто од нивните вложувања, но оние реалните, а не наводните 60-70 милиони EUR споменати на прес конференцијата“, додава на крај Петкоски и побара јавно извинување од Костовски.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала