18 Декември, 2025
0.0707

Нина Ангеловска излезе со соопштение: Депозитот од Еуростандард не го префрлив во други банки

Објавено во: Економија 16 Август, 2020 11:35

Добивај вести на Viber

По бројните негативни коментари и реакции дека најверојатно министерката за финансии користела инсајдерски информации дека Еуростандард е пред стечај па во два наврати го повекла депозитот, Нина Ангеловска се огласи со соопштение во јавноста во кое тврди дека парите и биле потребни за да купи стан.

Таа вели дека средствата ги повлекувала уште од минатата година и не ги префрлала во други банки, туку ги користела за други инвестиции.

„Би сакала уште еднаш да ѝ ги соопштам на јавноста фактите и воедно да ги демантирам сите неточни информации кои тенденциозно се пласираат. Не е точна ни сумата која се наведува во текстовите – уште од минатата година преку половина од тие депозити се инвестирани во инвестициски фонд. Единствено што е точно во досега пласираните информации е дека сум имала депозит во ‘Еуростандард банка’“, 

Таа тврди дека средствата и биле за бизнис инвестиции уште пред да стане министерка, а дел од парите ги искористила за да купи стан, бидејќи како што вели таа, живеела под кирија, и истиот го пријавила во Антикорупциската комисија.

Ангеловска вели дека не ја донеа таа одлука врз основа на состојбата во која се наоѓала Еуростандард банка, додека нејзиниот ресор кој го води не го регулира работењето на деловните банки.

„Пласирањето на неточни и тенденциозни информации во јавноста, го оценувам како обид за дефокусирање на јавноста, преку мое дискредитирање и нарушување на мојот углед. Цврсто сум убедена дека и овојпат јавноста ќе ги препознае фактите, пред лажните вести што се пласираат со цел да се креира погрешна перцепција“, додава Ангеловска во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје