Костовски обвини за смислено сценарио, ако се прифати стечајот ќе ја тужи државата и Народна банка
Објавено во: Економија 14 Август, 2020 16:47
Сопственикот на Еуростандард банка Трифун Костовски за одземањето на дозволата од Народна банка смета дека е однапред смислено сценарио и особено затоа што е донесено во време на паднемија со ковид, кога не е формирана Влада.
Доколку се донесе одлука за отворање на стечај за банката, сопствениците ќе ја тужат државата и Народна банка пред меѓународни судови, а сите средства како што рекоа кои ќе ги добијат ќе ги наменат за да се раздолжат кон клиентите, граѓаните и фирмите депоненти, за кои изрази големо жалење што се најдоа во ваква ситуација. Вети дека сите средства ќе одат за нив.
Не сакаше да каже кој стои позади можното сценарио за отворање стечај на банката, но тврди дека имало заинтересиран сериозен потенцијален инвеститор со што ги потврди информациите на Фактор, за кој гувернерката Анита Ангеловскја Бежоска не сакала да одвои ниту 5 минути за разговор со него.
Затоа што Еуростандард банка западна во таква лоша состојба го обвини претходното раководство на банката, односно поранешниот претседател на Управниот одбор, Николче Петковски, против кого ќе поднесе пријава и како што рече ќе го гони до крајот на животот.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




