09 Мај, 2024
0.0310

ЗА ДА НЕМА МЕТЕЖ, БАНКАРИТЕ АПЕЛИРААТ - граѓаните за картичките да доаѓаат во точниот термин

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Откако вчера беше регистриран метеж пред банките, бидејќи голем број граѓани дојдоа да си ги подигнат платежните картички, од банкарскиот еснаф во земјава сакаат да ја известат јавноста дека во проектот „Купувам домашно“, преку кој во следните недели треба да се изработат и дистрибуираат до крајните корисници низ целата држава над 330.000 платежни картички, банките се посветени на неговата реализација, притоа преземајќи ги сите мерки соодветни за заштита на јавното здравје.

„Во врска со домашната платежна картичка, секоја од банките вклучени во проектот има воспоставено свој протокол за издавање на картичките. Согласно важечките политики и процедури, повеќето банки, издавањето на домашната платежна картичка го организираат на начин што на клиентите, доставуваат СМС-пораки со информации за филијалата или експозитурата, датумот и часот за подигнување на картичката за секој клиент одделно. Секако, во примена се и веб-решенија и контакт-центрите на банките, со што потребата од доаѓање во филијалите и ескпозитурите  за информирање е сведена на минимум“, велат од Македонската банкарска асоцијација. 

Согласно вака поставениот план кој е системски определен според капацитетот и времето за опслужување, се намалува можноста за создавање на гужви пред филијалите и експозитурите, а се зголемува ефикасноста во реализацијата на проектот.

„Во текот на изминатите денови пред некои од експозитурите и филијалите, според информациите од банките, за жал се создаваат поголеми гужви, односно редови за чекање, бидејќи дел од клиентите доаѓаат со цел да се информираат за проектот генерално, односно да добијат информација дали се меѓу граѓаните на коишто им следува домашна платежна картичка, без претходно да ја посетат веб-страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk. Некои од граѓаните и без претходно да добијат информација  кога и каде да се обратат, ги посетуваат банките за подигнување на картичката..“, нагласуваат банкарите. 

Една од банките која е нивна членка, како што информираат, домашната платежна картичка ќе ја доставува по пошта, на адресата на клиентот кој е корисник на домашната платежна картичка.

„Заради заштита на јавното здравје, апелираме корисниците на домашна платежна картичка да ги следат информациите што банките ги доставуваат до нив во врска со начинот и терминот на подигнување на картичката. Истовремено, апелираме до сите клиенти на банките коишто за овој проект испраќаат СМС-известувања, посетата на филијалата и експозитурата да ја реализираат во терминот посочен од банката, преку СМС-известување, при што ќе ги почитуваат обврските за задолжително носење заштитна маска и одржување соодветна дистанца. Со тоа секој ќе придонесе и за заштита на своето и на здравјето на другите“, потенцираат банкарите. .

Додаваат дека за овој проект филијалите и експозитурите работат со посебен режим и подолго работно време, со цел брзо и безбедно издавање на големите количини платежни картички, додека бројот на вработени кои активно работат во текот на една смена е во рамки на максимумот предвиден за просториите на банките, во согласност со соодветната уредба.

Македонската банкарска асоцијација и нејзините членки и во периодот што следи ќе останат посветени на изнаоѓање соодветни решенија во рамки на работењето, со цел корона–кризата да остави што помали последици и да придонесеме за што поскоро закрепнување на целокупната економија.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување