ТИНЕЈЏЕР ОД БИТОЛА ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - Уапсен е поради поседување кокаин
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2023
На 01.06.2022 во 09.40 часот полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода С.Д.(18) од Битола.
При претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен кокаин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.