28 Септември, 2024
0.0270

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Постои само едно толкување на ерга омнес, велат грчките власти. 

„Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано од грчка страна. Ние бараме јасно и гласно, без отстапки почитување на договореното и ова е позиција од која нема да направиме каква било отстапка“, изјави портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на прашањето на МИА за тоа дали грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе му честита на македонскиот колега Христијан Мицкоски, сега кога и официјално новата Владата положи заклетва, Маринакис посочи дека Грција во рамките на добрососедските односи со сите земји се придржува до протоколите, но и ги повтори грчките позиции.

„Факт е генерално, без да имам конкретна информација, дека нашата земја како држава сака, се стреми кон добрососедски односи, се стреми кон добри односи со сите држави, особено кога се соседни земји, се придржува кон сите протоколи за секоја процедура, без разлика дали е изборен процес или заклетва на Влада. Но, повторувам, бидејќи постојат некои новопојавени погрешни толкување за тоа што значи ерга омнес, јасно е, нема многу толкувања има едно толкување согласно меѓународното право и во овој момент со низа формулации спротивни на меѓународното право, се чини дека новата Влада на Северна Македонија не го почитува. Очекуваме да видиме дали ќе усогласи“, рече Маринакис.

Според поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас, ЕУ и меѓународната заедница треба јасно да ги стават на знаење последиците што непочитувањето на Договорот ќе ги има врз регионот, а особено врз иднината на  Македонија.

Договорот од Преспа, грчките и македонските власти го потпишаа во 2018 година и со него се реши спорот за името меѓу двете држави. 

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“