ЧУДО Е КАКО ОСТАНАЛ ЖИВ: Страотна сообраќајќа синоќа во Скопје
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2024
Министерството за внатрешни работи соопшти први детали по синоќешната тешка сообраќајна несреќа. На друштвените мрежи се коментира дека ова е вистинско чудо како возачот останал жив, бидејќи автомобилот е целосно уништен, пишува ТВ21.
Од СВР Скопје информираат дека вчера околу 21 часот и 30 минути било пријавено дека на булевар Србија 20 годишникот со иницијали Х.Б управувајќи го БМВ-то со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столб за улично осветлување.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во „Комплекс клиники „Мајка Тереза“.