18 Јуни, 2024
0.0351

ДЕТАЛИ ЗА ГОЛЕМАТА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, уапсени четири лица осомничени за убиство, по двајца се уште се трага

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи излезе со детали по големата акција спроведена заедно со специјалната единица „Тигар“ во која се уапсени четири лица од Скопје. 

Според она што го соопшти МВР во текот на вчерашниот ден биле извршени претреси на шест локации во домови на лица кои се осомничени за убиство при што кај нив биле откриени и одземени и оружје. 

Покрај уапсените има уште две лица по кои надлежните се уште трагаат и за кои е распишана потерница. 

На 10.11.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции – Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, истовремено се извршени претреси на шест локации во домови на лица осомничени за кривични дела „убиство“ и „предизвикување општа опасност“, при што лишени од слобода се четири лица, и тоа И.А.(31), Н.А.(20), А.Р.(27) и Б.Ш.(40), сите од Скопје - истакнуваат од МВР во соопштението. 

Додаваат дека при претресите извршени кај И.А. во с.Визбегово, скопско, кај Г.М.(31), кај А.Р. и кај Б.З.(31), тројцата на подрачјето на Чаир, како и кај Н.А. на подрачјето на Бит Пазар и кај Б.Ш. на подрачјето на Аеродром, биле пронајдени и одземени пиштол и рамка со 14 куршуми, пиштол „Астра“ калибар 6,35 мм и рамка со 5 куршуми, пиштол „Смит и Весон“ калибар 9 мм и 2 рамки со 32 куршуми, пиштол „глок“ калибар 9 мм и рамка со 17 куршуми, дрон со мемориска картичка и контролор за летање и други предмети поврзани со кривични дела. 

- Четирите лица се приведени во полициска станица, а за Г.Б. и Б.З. е пуштен централен распис. Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следуваат поднесоци - пишуваат од МВР.


Можеби ќе ве интересира

НАСКОРО МИЦКОСКИ ЌЕ ДАДЕ ЗАКЛЕТВА: Кое име ќе го употреби?

НАСКОРО МИЦКОСКИ ЌЕ ДАДЕ ЗАКЛЕТВА: Кое име ќе го употреби?

TАРАВАРИ: По Преспанскиот договор Грција е најголем поддржувач на Македонија за ЕУ

TАРАВАРИ: По Преспанскиот договор Грција е најголем поддржувач на Македонија за ЕУ

НАЈЧЕВСКА ЗА СТОЈАН АНДОВ: Секоја средба со него беше интересна иако не се согласувавме за многу работи

НАЈЧЕВСКА ЗА СТОЈАН АНДОВ: Секоја средба со него беше интересна иако не се согласувавме за многу работи

НСДП: Kaдри кои служеле на режимот на Груевски нема да донесат реформи

НСДП: Kaдри кои служеле на режимот на Груевски нема да донесат реформи

ПЕТРОВСКА: Се проценуваше дека со оставката на Заев ќе се надминат проблемите, но се виде како погрешна одлука

ПЕТРОВСКА: Се проценуваше дека со оставката на Заев ќе се надминат проблемите, но се виде како погрешна одлука

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ: Стоиљковиќ јавно да се изјасни за признавање на Косово, да се огради од Путин и Вучиќ

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ: Стоиљковиќ јавно да се изјасни за признавање на Косово, да се огради од Путин и Вучиќ

НИМИЦ ПОРАЧА ДА НЕ ЖИВЕЕМЕ ВО ИЛУЗИИ: Што му одговори Христијан Мицкоски?

НИМИЦ ПОРАЧА ДА НЕ ЖИВЕЕМЕ ВО ИЛУЗИИ: Што му одговори Христијан Мицкоски?

УСПЕХ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Табла која содржи македонски јазик ќе биде поставена во Тирана

УСПЕХ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Табла која содржи македонски јазик ќе биде поставена во Тирана

МИЦКОСКИ ЗА РЕАКЦИИТЕ ЗА СТОИЉКОВИЌ: Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции

МИЦКОСКИ ЗА РЕАКЦИИТЕ ЗА СТОИЉКОВИЌ: Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции