УСПЕХ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Табла која содржи македонски јазик ќе биде поставена во Тирана

Објавено во: Македонија, Балкан 18 Јуни, 2024
Табла која содржи македонски јазик ќе биде поставена во албанскиот главен град Тирана по барање на Македонското друштво „Илинден“.
По барањето на Македонско друштво „Илинден“ – Тирана повеќејазична табла, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, ќе бидe поставена на зградата каде е сместен Комитетот за национални малцинства во албанската престолнина.
„Ова е уште еден успех на нашето друштво и за сите Македонци во Албанија, но и другите малцинства. Комитетот за национални малцинства е владина институција во која членуваат претставници од сите признати национални малцинства. Сега како што сме официјално информирани натписот на институцијата ќе биде повеќејазичен, што значи и на македонски јазик и неговото кирилско писмо“, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Потсетува дека друштвото на 31 јануари лани доставило барање до Комитетот за поставување на повеќејазична табла, а по десетина дена добило позитивен одговор.
„Но, помина повеќе од една година, а таблата не беше поставена. Поради тоа на 25 април годинава испративме реакција до повеќе институции во Република Албанија, меѓу кои и до Народниот правобранител. Народниот правобранител го разгледа барањето, излезе во пресрет и се ангажираше да се постави повеќејазична табла на зградата на Комитетот“, вели Ѓурѓај.
Изразува голема благодарност до Народниот правобранител и вработените во таа институција, за нивното ангажирање за конечно да биде поставена повеќејазична табла.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок
