22 Јануари, 2025
0.0980

НИМИЦ ПОРАЧА ДА НЕ ЖИВЕЕМЕ ВО ИЛУЗИИ: Што му одговори Христијан Мицкоски?

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и нов премиер на државата, Христијан Мицкоски му одговори на поранешниот медијатор за името, Метју Нимиц кој вчера во Грција кажа дека не треба да живееме во илузии, туку да го почитуваме Договорот од Преспа затоа што живееме во опасни времиња. Мицкоски вели дека живее во реалноста. 

„Излажаа народ, којшто направи, според него илузија, како ниту еден народ во Европа. Најпрво се откажа од своето знаме, потоа се откажа неколку пати од Уставот, на крајот од своето уставно име. И за жал сме во чекалната, не сме ниту на масата. Јас мислам дека треба да поведат сметка за своето поведение, кога коментираат кој и како живее во илузија. Јас живеам во реалноста, а реалноста е тешка и мачна за мене. Додека некој ужива во прва класа авионски и прекуокеански летови и во супер луксузни хотели“, изјави Мицкоски.

Нимиц кој скоро 2 децении од кариерата ја посвети на решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција, вчера во Атина доби награда за мир за Договорот од Преспа. Му ја доделија екс премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас и порача дека компромиот бил многу тежок, но и дека уште потежок е предизвикот, тој компромис да биде прифатен од идните генерации на политичари. Вчера се одбележаа шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа во Нивици. 

фото Фејсбук/Зоран Заев

Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција