30 Септември, 2024
0.0331

Кој си игра со Казахстан? Спремен ли е светот за нуклеарна катаклизма?

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Казахстан е светски енергетски џин! Плинот и нафтата се само предигра иако ги има во изобилство. Казахстанската државна рударска компанија „Казатом пром“ годишно произведува нуклеарно гориво кое задоволува до 25% од потребите на сите нуклеарни централи и постројки на светот!!! Кризата во Казахстан може да ја направи најголемата нуклеарна катастрофа на планетата земја! Како? Ако падне најголемиот доставач на ураниум на светскиот пазар цените на сите енергенси ќе се вивнат во небо, а директен удар ќе доживеат и богатите нации кои добиваат електрична енергија од нивните нуклеарни централи... (знаете ли дека на пример само Њујорк со струја го хранат 5 нуклеарни централи?)
Дали државниот удар во Казахстан во суштина веројатно е борба за компанијата што држи најголеми резерви ураниум на свет, четвртина од светскиот пазар на нуклеарно гориво и годишно носи прилив поголем од една милијарда долари (според последните берзански цени од 100.000 долари за тон ураниум)???

Што се крие зад граѓанската непослушност и нередите во Казахстан? Зошто одеднаш на згрозување на целата светска јавност се случува крвопролевање по улиците на државата која беше синоним за социјален мир, балансиран спој на тоталитарна власт и пазарна економија базирана на енергенсите...Зошто Русија и САД веднаш заземаа спротивставени страни за состојбата во Казахстан?
Веќе е очигледно дека некој удира врз најефикасното гориво – нуклеарното и тоа во време кога беснее светска криза во снабдувањето со нафта, природен гас, јаглен и струја.

Што е „Казатомпром“ и зошто е темел на нуклеарниот суверенитет на Казахстан?

Најголемиот светски производител на ураниум (нуклеарно гориво) е државната рударска компанија „Казатомпром“ со седиште во Астана, најголемиот град во Казахстан. Овој рударски гигант има 18 наоѓалишта за ураниум ширум Казахтан со 36 активни рудници. Од нив произведува над 20.000 тони ураниум годишно со се задоволуваат над 20 отсто од годишните потреби за нуклеарното гориво на сите светски производители на нуклеарна енергија. Ова значи дека ако некој успее да го дестабилизира Казахстан веднаш автоматски ќе направи кусок на светскиот пазар за нуклеарно гориво. Тоа веднаш и директно ќе влијае врз раст на цената на другите енергенси од нафта, плин, природен гас, јаглен и на крај струјата.

Во крајна линија растот на цената на енергенсите најмногу им одговара на таканаречените зелени технологии кои се најскапи и најмалку ефикасни, но имаат предност во тоа што не ја загадуваат животната средина. Исто како и нуклеарната енергија која е на удар во Казахстан.

„Казатомпром“ е државна сопственост на Казахстан, а со него управува владата. Вредноста на компанијата е проценета на повеќе од 3 милијарди долари, а лани од продажба на ураниум реализирала приход што надмина една милијарда долари. Во ноември 2018 година околу 15% од акциите на оваа компанија се понудени на Лондонската берза преку јавна понуда со почетна цена од 12 долари за акција. Другите 85 отсто од акциите се во сопственост на државата и со нив не се тргува. Всушност сопственик на акциите т.е. на „Казатомпром“ е државниот холдинг на Казахстан „Самрук – Казума“ кој во крајна линија е сопственост на сите државјани на најголемата држава во Централна Азија. Овој холдинг во својот состав има целосно или доминантно учество во сопственоста врз повеќе од 500 најголеми казахстански компании.

Интересно е тоа што „Казатомпром“ сам произведува повеќе нуклеарно гориво од сите негови конкуренти заедно од западната интересна сфера: БХП од Австралија, Камеко од Канада, ЕРА од Австралија, Рио Тинто од САД и Орано од Франција. Сите тие компании лани заедно произвеле околу 15.000 тони нуклеарно гориво. Заедно со нив во најголемите производители на ураниум е и „Ураниум Оне„ руската фирма ќерка на државниот гигант „Росатом“. Таа произвела околу 5.000 тони ураниум што ја става во редот на најголемите со поранешна „Арева“ т.е. сегашна „Орано“ од Франција и најголемата австралиска рударска компанија БХП.

Смирување на немирите и враќање во нормала на целокупната состојба во Казахстан е засушна потреба на цел свет. Затоа што сите држави без исклучок (производители или потрошувачи на горива) зависат од берзанските цени на енергенсите. Недостигот на ураниум од Казахстан ќе го испржи светот! Ќе направи таков дисбаланс меѓу понудата и побарувачката на горива што неизбежна ќе биде светска енергетска криза која ќе се претвори во глобална економска криза.

Што е Казахстан?

Ова е најголемата државата во Централна Азија ( во тој регион се Туркменистан, Азербејџан, Узбекистан, Киргистан, Таџикистан). Нејзината економија сочинува над 60% од брутодомашниот производ на Централна Азија. Тоа е најголема компнена држава на светот (нема излез на море). Казахстан има над 18 милиони жители и заедно со Монголија е најретко населена земја на светот. Казахстан е енергетски џин во светски рамки затоа што изобилува со нафтени и плински наоѓалишта, а е неприкосновен број еден во свет производител на нуклеарно гориво – ураниум. Има исклучителна геостратешка позиција и нејзини соседи се Русија и Кина. Просечната плата е 600 долари, но има пасивни региони чии економии не се базирани на производство на енергенси во кои минималната плата е само 100 долари. Доминантно население се етнички Киргизи (ги има и во Русија, Кина, Узбекистан и други земји), а најголемиот дел од населението е муслиманско. Од 18 милиони жители на Казахстан над 4 милиони се православни Руси, а околу еден милион се со германско потекло. Казахстан е изразито секуларна држава со високо изразена толеранција меѓу верските групи. Воедно Казахстан е најсеверна од сите доминантно муслимански држави на свет.

Казахстан има одлична економска соработка со Русија од една страна, но и со западните пазарни економии. Најголем деловен партнер е американската компанија „Шеврон“. Во последните пет години Казахстан има исклучителна и плодна економска соработка со Турција која е доминантно присутна во градежниот сектор во Казахстан.  

Во Казахстан има голем руски ракетодром уште од времето на поранешен СССР кој е целосно функционален.

Оваа земја независноста на СССР ја прогласила последна од сите републики, кон крајот на 1991 година. Во рамки на СССР била анектирана во 1936 година.

Казахстан е познат и по Нурсултан Назарбајев кој речиси триесет години апсолутно владеел со Казахстан и бил негов претседател. Официјално се повлекол пред три години, но и понатаму бил многу влијателен преку раководењето со советот за безбедносни прашања. Пред неколку дена по избивањето на немирите актуелниот претседател го разрешил од таа функција превземајќи го раководењето со ова тело круцијално за државната безбедност.

Моментално јавниот ред во Казахстан го враќа во нормала интернационална војска (пандан на НАТО сојузот) под раководство на Русија. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи