19 Декември, 2025
0.0401

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА: дождови, силен ветер, но и голем пад на температурите најавува Попоски

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2024 06:25

Добивај вести на Viber

Под влијание на многу постудена воздушна маса од север, која ќе биде поврзана со Атмосферски фронт, во недела и во понеделник ќе имаме нагла и голема промена на времето. Ќе има поголема облачност, особено во недела кога ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Не се исклучува можноста и за појава на локално невреме, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

Во недела и во понеделник ќе дува повремено силен ветер од северен правец (над 60 км/час), и истиот најмногу ќе биде изразен Долж Повардарието. Во недела попладне и во вечерните часови можно е провејување на снег на највисоките планински места во државава.

Што се однесува до температурите, тие во недела попладне и навечер нагло и значително ќе опаднат, за околу 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега. Во северните предели температурите ќе опаднат и за 15 степени, па така особено постуден ден ќе биде понеделник кога наутро температурите ќе се спуштат во интервалот од 3 до 11 степени, на високите  и на планинските места каде се очекува да се спуштат до околу нулата, а максималните дневни температури во понеделник ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени - посочува Попоски во објавата на „Метеоаларм“.

Според него, уште постудено утро поради целосното разведрување ќе има во вторник кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од - 2 до 7 степени. Во понеделник и во вторник наутро е можна појава на слана  и на мраз на повеќе места низ Македонија.

Оваа нагла и бурна промена на времето лошо ќе се одрази врз метеопатите.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот