Курск ли потворно ќе пресуди? Се повторува ли историјата, пак ли ќе има полковник и покојник?
Објавено во: Колумни 02 Септември, 2024
Рекапитулар на едномесечната инвазија на украинската војска на рускиот регион Курск – регионот во кој советите ја победија најголемата тенковска битка во Втората светска војна по што покренаа инвазија која заврши со забодувањето на комунистичкото знаме на СССР на германскиот Бундестаг
Украинската инвазија на рускиот регион Курск заокружи цел месец воено дејствување. Блитскригот на украинската армија беше брилијантет, успехот моментален и голем. Пробиени беа руските контролни точки, граничарите не успеаја да се справат со украинските елитни единици кои за кратко време направија масивен и молскавичен пробив. На многу медиуми од западната интересна сфера читавме позитивни наративи за пробивот и прогнози дека Украина со овој пробив може да ја седна на преговарачка маса агресорката Русија.
Особено големи беа очекувањата за постигнување две стратешки цели.
Првата е дека Украинците ќе успеат да ја стават под своја контрола, стратешки позиционираната, нуклеарна централа во регионот Курск. Тогаш и целото политичко раководство на Запад ќе имаше силен аргумент да ги притисне руските сојузници да вршат притисок врз Путин да седне да преговара. И да ја замени нуклеарната централа за дел од окупираните територии во Украина.
Втората цел што всушност можеби воено-тактички и поважна од првата. Тоа требаше да биде стопирање на руската офанзива на потекот Покровск – Купјанск – Угледар во источна Украина. Така што рускиот генерал штаб да повлече значаен дел од силите стационирани таму и да ги врати да ја бранат руската територија нападната од украинската армија.
Но тоа не се случи. Русите продолжија тврдоглаво и со бројни жртви и материјална штета да напредуваат во источна Украина. Повеќе извори се сложуваат дека украинскиот воен упад во Русија ги принуди руските воени стратези да повлечат околу 30.0000 војници од фронтот во источна Украина. Но тоа не даде резултат во корист на Украина на источниот украински фронт. Се побројни се блогерите и независните воени аналитичари кои се согласуваат со тезата дека ако падне одлично утврдената борбена линија во источна Украина ќе се распадне нивната одбрана. Тогаш водството во Киев ќе биде на огромни маки да ја задржи руската агресија да пенетрира длабоко во Украина.
Засега украинското воено водство не успеа да реализира ниту една од двете стратешки цели. А помина цел месец од десантот на регионот Курск.
Што се случува во регионот Курск ?
Украинската воена пропаганда известува дека нивната војска незапирливо напредува и дека веќе контролира 1.600 квадратни километри површина и повеќе од 100 населени места.
Повеќе воените аналитичари и дел од независните воени блогери кои известуваат од фронтот не се согласуваат со тие објави. Според дел од нив украинската војска на руска територија има под своја контрола околу 350 квадратни километри. Истите извори наведуваат дека уште толкава површина е таканаречена сива зона во која всушност и се водат борби, но ниту една од двете завојувани страни нема контрола.
Деновиве најсилни и интензивни борби меѓу двете страни се водат во триаголник меѓу населените места Красно октобарск – Коренево – Снагост.
Блогерите проценуваат дека досега украинската војска кон регионот на Курск упатила повеќе од 20.000 војници од различни армиски родови. Меѓу нив има значаен број елитни украински единици кои всушност во комбинација со помал број платеници -професионалци од странски приватни воени компании и го оствариле успехот во завземање на територијата. Помал број од воените сили се украински регрути со мало борбено искуство.
Според блогерите украинската војска во регионот Суми (гранична регија со Русија н.з.) чува во резерва околу 3.000 војници за поддршка на диверзантите кои се борат на руска територија.
Повторно според независни извори (кои не се дел од руската официјална пропаганда маршинерија, но кои се согласуваат ниту со украинската пропаганда н.з.) украинската војска на руска територија контролира во целост околу 40 населени места. При тоа изворите напоменуваат дека украинската војска во Русија нема силно утврдени воено-тактички позиции туку привремени одбранбени точки што всушност и е реално со оглед на краткото време на делување.
Истите извори наведуваат дека украинската војска досега во битките изгубила околу 700 војници, над 1.500 се ранети во борбите, а околу 150 се водат за исчезнати. Бројот на заробени украински војници е околу 400, не нама точна бројка.
Блогерите наведуваат дека бројот на загинати руски војници е поголем од украинските, а бројот на заробени Руси надминува 1.000 лица.
Се наведува дека украинската страна има, очекувано, големи загуби во воена механизација и оклопни возила. Тоа е поради хендикепот што Украина нема или речиси нема поддршка и заштита од воено воздухопловство. Во тој сегмент Русите доминираат и секогаш прават предност. Затоа што Русите поседуваат воени авиони, хеликоптери и дронови, а Украинците располагаат само со дронови.
Проценките на блогери и аналитичари се дека досега украинската војска изгубила околу 70 тенка на руска територија, околу 50 борбени возила кои даваат поддршка на украинската пешадија и околу 150 теренски возила, камиони и цистерни за логистика.
Блогерите велат дека еден од најголемите проблеми што Украинците им ги прават на Русите во овие борби е со дефокусирањето на руските воени хелихоптери и авиони со лажните ракетни носачи односно системите ХИМАРС и ВЛР. Лажњаците произведени од чешката компанија „Инфлатеч“ се толку добри реплики што руските сили не можат да ги препознаат од далечина и мора да дојдат близу при што се изложуваат на ризик да бидат неутрализирани од украинските сили.
Курск е регион што во воена историја на светско ниво се изучува во сите воени академии. Таму своевремено во јули и во август 1943 година се одвивала најголемата тенковска битка меѓу СССР потпомогнат воено – технички од САД против силната борбена тенковска армада на нацистичка Германија. Во светската воена историографија е позната под воениот назив „Операција Цитадела“ даден од страна на нацистите на нивната тенковска инвазија на Курск. Во таа битка нацистите донеле на фронтот 900.000 војници, над 2.7000 тенкови и повеќе од 10.000 топови од различни калибри и 2.000 воени авиони за поддршка на нивната пешадија и тенковски дивизии.
Повеќе детали за најголемата тенковска битка во историјата на следниот линк
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BA%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%9A%D1%83%D1%80%D1%81%D0%BAР.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.