19 Мај, 2024
0.0279

Немаме доволно маски: Прехранбените компании имаат проблем при прозводството

Објавено во: Економија 13 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Прехранбените компании не можат да набават доволно заштитни маски кои им требаат при производството согласно препораките, затоа што има недостиг на маски на пазарот. Исто така во овој сектор има недостиг на суровини од увоз, особено на тие кои се купуваат од земјите кои се со ризик и кои го стопираа производството и ги затворија границите, како Италија на пример. Ова се клучните проблеми на компаниите од прехранбениот и трговскиот сектор. Од Стопанската комора велат дека овие компании ги презеле сите мерки во однос на отсуствата на дел од вработените односно ги замениле со други вработени или делумно го реорганизирале производството за да ги намалат последиците.

„ Има дефицит на пазарот од заштитни маски и ракавици за еднократна употреба, кои во објектот се користат како дел од работната опрема во секојдневниот производен процес. Во моментот, се користат залихи од споменатата лична заштитна опрема, меѓутоа од повеќе компании добивме известување дека на пазарот веќе се чувствува недостиг од овие материјали.  Домашните производни и трговски компании се соочуваат со проблеми при увоз на суровини и производи најмногу од земјите кои прогласија целосно затворање, како Италија, а согласно најавите, во наредниот период се очекува тоа да се случи и во уште неколку европски земји со кои имаме поголема трговска размена. Истовремено компаниите од прехранбениот сектор размислуваат, во случај на целосно затворање, да го прилагодат своето производство и достава на прехранбени производи со цел редовно снабдување на трговските ланци, вели Васко Ристовски, самостоен советник, Стопанска комора на Македонија.

Тој додава дека истовремено, домашните производители на прехранбени производи информираат дека се во активна меѓусебна комуникација и ги преземаат сите мерки за превенција од Корона вирусот за безбедно производство и дистрибуција на производите и услугите кои ги нудат, според насоките дадени од Министерство за здравство. 

Една од мерките која била преземена уште на стартот е формирањето на дезобариери на влезот во сите компании низ кои минуваат возила кои вршат превоз на луѓе и дистрибуција на нивните производи.  

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?