20 Декември, 2025
0.1166

Стартува Академијата за претприемништво за млади од Македонија, Грција и Романија

Објавено во: Мои пари 28 Март, 2017 15:15

Добивај вести на Viber

Стартува проектот „Претприемничко учење за млади“ чија што крајна цел е преку едукацација и зголемување на претпремничките вештини на младите луѓе, на долг рок да го намали одливот на таленти од земјава, да ja намали невработеноста и да гo развива претприемништвото во Република Македонија.

Проектот ќе се реализира преку Академија за претприемништво во која ќе се вклучат 60 млади лица – по 20 од Македонија, Романија и од Грција.Академијата ќе започне да функционира во јули годинава и ќе трае до јули 2018 година.

Преку оваа Академија ќе им дадеме конкретна поддршка на младите претприемачи да ги развиваат своитебизнисвештини, ќе им дадеме конкретна поддршка во развојот од идеја до конкретен бизнис план и ќе им обезбедиме бизнис консултанти и ментори коиќе им го пренесат своето знаење во однос на организациски менаџмент, логистика, финансиски менаџмент, производство/услуги и менаџмент на човекови ресурси. Со еден збор ќе им го олесниме патот во етаблирање на нивниот бизнис“, изјави Јован Сталевски, претседател на организацијата ЦЕФЕ Македонија, на денешната презентација на проектот „Претприемничко учење за млади“

Овој проект е финансиран од Европската Унија преку Еразмус + програмата, а заеднички го имплементираат: Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија во партнерство со CRYSTALCLEARSOFT од Грција и Sprijin si Dezvoltare од Романија.

Повеќе информации на http://cefe.mk/

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии