19 Декември, 2025
0.1134

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2025 10:36

Добивај вести на Viber

стипендии на двајца студенти, како дел од континуираната општествено одговорна мисија на компанијата за поддршка на образованието и младите кадри во Република Северна Македонија.

КС Групација им додели стипендии на:

* Анѓела Апостоловска, студент на Економскиот факултет – Прилеп

* Александар Тошески, студент на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) – Битола

Со ова, КС Групацијата трета година по ред ја продолжува својата програма за стипендирање на редовни студенти од прв циклус на студии, а со доделувањето на овие две стипендии, вкупниот број на стипендисти изнесува седум. Програмата има за цел да поттикне квалитетно образование, професионален развој и долгорочна вклученост на младите во реалниот сектор.

На свечениот настан свое обраќање имаше заменик генералниот директор на КС Групацијата, Божидар Атанасовски, кој ја истакна важноста од вложувањето во младите како највредна и најодржлива инвестиција за иднината на компаниите и општеството во целина.

Програмата за стипендирање од самиот почеток ја водат и реализираат секторот за маркетинг и секторот за човечки ресурси на КС Групацијата. Свое обраќање на настанот имаа маркетинг директорката Елена Трајчевска и  Марија Бошевска од човечки ресурси.

Свое присуство на настанот имаа и проректорите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а со обраќање се обрати и проф. д-р Јасмина Буневска-Талевска, која ја нагласи важноста од соработката помеѓу академската заедница и бизнис секторот во креирањето на успешни и применливи образовни приказни.

КС Групација, со седиште во Битола и деловни активности во повеќе градови низ државата, обединува седум компании кои дејствуваат во различни економски сектори и вработуваат над 1.000 лица. Преку поддршка на образованието, спортот, културата и ранливите категории, Групацијата континуирано работи на подобрување на условите во заедницата и создавање одржлива иднина.

Со вакви иницијативи, КС Групацијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон младите и кон создавање средина во која знаењето, трудот и амбицијата се препознаваат и наградуваат.

„Заедно правиме разлика, заедно креираме иднина.“ 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година