20 Декември, 2025
0.0532

Саем на книгата, туризам и денови на образование и кариера од 04 до 10 април

Саем кој не се пропушта!

Објавено во: Мои пари 31 Март, 2017 12:36

Добивај вести на Viber

Од 4ти до 10ти април Саем на книгата ќе ја улови имагинацијата на илјадници посетители. Повеќе од 80 издавачи со над 80.000 книги ќе бидат достапни за љубителите на пишаниот збор.

29от Меѓународен саем на книгата ќе се одржи во Метрополис Арена (Хала 1) и Хала 2 каде на 4.000 м2 изложбен простор традиционално и оваа година ќе биде обезбедена најголемата концентрација на домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста. Овој саем е место каде секој од посетителите ќе може да се дружи и запознае со авторите од домашните и странските издавачки куќи.

Скопски саем го организира саемот во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија — ЗИКМ и Здружението на албанските издавачи од Македонија.

Традиционално, како и минатите години и оваа година на Саемот на книгата, како една од најзначајните културни манифестации во земјата, на едно место ќе се претстават најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот:

-Србија 

-Црна Гора

- Албанија 

- Шведска (претставена преку Амбасадата на Шведска, при што на нивниот штанд ќе се врши промоција на детска литература од шведски автори  како и презентација и јавна дискусија на тема „Астрид Линдгрен, детската литература и правата на децата“ со прикажување на документарниот филм за животот на Астрид Линдгрен ”АСТРИД” на 7 април (петок) од 11.00 часот во Конгресниот центар на Скопски Саем.

Во богатиот програмски дел во 7те саемски денови, во Промотивниот центар лоциран во Хала 2 ќе се реализираат повеќе од 60 промоции на нови дела и автори, бројни дебати и трибини, како и доделување на награди. 

На 6 април (четврток) од 11.00-13.00 часот ќе се организира „Претставување на проекти од областа на Европски интеграции во соработка со Министерството за култура”, како и “Претставување на поетската платформа Версополис во соработка со Струшките вечери на поезијата”, со најавени гости од странство.

За прв пат оваа година, на Саемот на книгата во Хала 2 ќе биде претставена литературата за деца и млади, а во посебен дел од Халата ќе биде адаптирано Детско катче/игротека каде најмалите ќе може да се едуцираат и забавуваат со богатата програма на промоции на детски изданија, креативни работилници и други забавни активности. 

Посетителите може да очекуваат навистина голема понуда на книги по достапни цени, а издавачите најавуваат големи попусти кои ќе се движат до 70%.

Во втората хала се организирани и 20те Денови на образование и кариера каде на младите и другите заинтересирани им е овозможено за кусо време да добијат точна и брза информација за интересите што ги имаат: од студиските програми на високообразовните институции од земјата и странство, советување и ориентација, преку можностите за стручно усовршување и преквалификација, сé до информации за вработување и развој во кариерата. Овие денови се резервирани за сите тие кои се на прагот на една од најголемите одлуки, следните чекори во образованието и кариерата.

Во рамки на саемот ќе се реализираат промоции на образовните програми на присутните Универзитети, промоции на библиотеките од Македонија, а ќе се организираат и неколку интересни дебати и трибини на темите „Предизвици и придобивки од  вклучување на средношколците во процесите на донесување одлуки“, „Жените во техничките науки“, „Родот во медиумите“ и „Неформалното образование како пристап во унапредувањето на родовата еднаквост.“

7от Меѓународен саем за туризам - Скопје травел маркет 2017, ќе може да се посети во третата хала на Скопски саем. На овој саем ќе се претстават туристички агенции, хотели и туроператори од Македонија и регионот, општини, организации, потенцијални инвеститори во туристичката индустрија, компании за производство на хотелска опрема, но и за софтверска поддршка во туризмот. Овде посетителите ќе можат да ги разгледаат бројните понуди за патување и можностите да го видат светот.

Покровител на манифестацијата е Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, а партнер е Стопанската комора за туризам. 

И оваа година веќе по седми пат Република Турција ќе биде претставена преку Канцаларијата за туризам и култура на Турција во Република Македонија, каде на својот штанд успешно ќе ја претстават својата понуда како културна и туристичка дестинација. 

Свеченото отворање на Саемот на книгата е во понеделник (3 април) во 19.00 часот, а за посетители саемот е отворен од 4 до 10 април, од 10.00 до 20.00 часот.

Саемот за туризам - Скопје травел маркет и Денови на образование и кариера се одржуваат во периодот 6 до 8 април, од 10.00 до 20.00 часот.

За сите саеми, цената на влезницата за посетители е 30 денари, а за организирани групни посети, 20 денари.

Со почит,

СКОПСКИ САЕМ

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии