19 Март, 2024
0.0241

Сторија за Кинезот

Објавено во: Колумни 15 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Не го одржа ветувањето дека неговиот стоти роденден ќе го славиме на плоштад.Замина во вечноста, но не и во заборавот.Ѓоко Симоновски-Кинез играше во животот неколку улоги, сите одред беа успешни.

Беше медицински помошник и се пензионира,колку што знам, од Железничката амбуланта на Мала станица.Многу малку,скоро ништо,  кажуваше за овој дел од неговата кариера.Скопјани и многу пошироко го знаеја како фудбалски судија.Со својот низок раст и карактеристичниот тен навистина наликуваше на азијат, поради што веројатно го имаше и добиено прекарот.Авторитативно ги судеше натпреварите на сите нивоа, од потсојуз,па се до сојузната прва лига.Има една епизода од неговата судиска кариера што најмногу ја користеа дебармаалци ако сакаа да го нервираат кога ги следеа натпреварите во мал фудбал што ги играше на помошниот терен во паркот со постојано иста екипа(а потоа се знае и малку карти во соблекувална).Станува збор за аферата „бунди“ што наводно ги добила судиската тројка, во која бил и јунакот на оваа приказна,како компензација за пристрасно судење во Суботица во полза на Спартак(колку што ме држи сеќавањето).Кинез имаше во шлајпакот(паричникот)некаква сметка што требаше да биде демант на тврдењата за корупцијата,но од долгата употреба и утврдување на вистинитоста ливчето хартија беше излитено и избледено што скоро ништо не можеше да се прочита од него.

Неговиот мерак да поигра покер но и реми, бриџ го мотивирал да почне да се занимава со угостителска дејност(да се спои корисното со практичното).Ем нешто се заработуваше,ем тука,во малото меанче кај Бугарската гимназија(читај„ Георги Димитров“)скриено од погледите на љубопитните со густа трска како параван во бавчата, се играа ситни и помалку ситни партии комар,во очекување на гостите да дојде време да се отвори коцкарницата на„ Панорама“.Знаевме често да дојдеме кај Кинез затоа што навистина беше пријатно да се поседи и нешто да се испие и мези од неговите богати со свежи производи мезелаци(попи нешто ухватиќе те меза).Седеше по цел ден во малата просторија и немаше шанса да дојдеш и да не го најдеш таму.Понекогаш така мал и ситен знаеше да состави две столици и да си подлегне за да си почине во очекување на постојаните гости, се фаци која од која,од Киро Шерко до Марас, по кого своевремено лудувале скопските фрајли и доаѓале да го видат во Геталдус во палатата Пајко,а сега беше со штаки и со отежнат говор од шлог(го удрил чиракот,а не мајсторот велеше Кинез).Ни даваше пијачка на вересија до плата,но почнавме и да претеруваме и на излегување да му побараме и сто марки на заем.„Кај го има ова,пијат и мезат без пари уште бараат пари на заем“ подвикнуваше кога ќе ја претеравме,но не толерираше до крајни граници.Ја запознавме и тетка Борка,неговата домаќинка со големи срцеви проблеми,која понекогаш доаѓаше да му помогне во работата.Синот им замина за Австралија и Кинез,сакал нејќел се реши да отиде на далечен пат и да поседи на Седмиот континент со внучињата.

Како што си е редот го испративме со подароци и музика.Доби„лонжин“ џебен саат од нас неколкумина,а живата музика едвај ја собра во тесниот локал.Но,Кинез не би бил тоа ако издржи подолго време без луѓе и без табла и бриџ таму далеку во непознатиот и за нас сосема поинаков свет.Се врати набргу.Го среќавав по обложувалниците во близина на стариот култен локал „Кај Кинез“,но и пред дуќанчето „Кај Часкир“ во близина на Румунските кули во Тафталиџе.Играше бриџ без џокери со Киро Шерко тет а тет.Едно време едвам ме препознаваше и ги грешеше имињата на пајташите што кај него своевремено доаѓаа со мене.

Го снема и слушнав дека е однесеaн во Ѓорче, „у дом“,откаде што нема враќање дома.Остави убави спомени но и мал горчлив вкус на своевидна измама,неисполнување на ветувањето за славењето роденден на плоштадот.Кој знае и кој од нас ќе беше на прославата,а кој не!?

Мојсо Мојсоски

Можеби ќе ве интересира

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?