28 Април, 2024
0.0286

Завршена аквизицијата на проектот со фотоволтаици во Кожани финансиран преку издавање нова обврзница

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

На 1 октомври 2020 година, ХЕЛЕНИК ПЕТРОЛЕУМ СА преку својата подружница, ELPE RENEWABLES, ја заврши аквизицијата на моќно портфолио на фотоволтаични проекти, кое е во последната фаза на дозвола, и се наоѓа во поширокиот регион Кожани, Грција. Проектот ќе се развива од JUWI, водечка меѓународна компанија за обновливи извори на енергија, со седиште во Германија.

Кога ќе биде завршен, проектот со фотоволтаици ќе биде најголемата иницијатива во делот на обновливи извори на енергија во Грција и еден од најголемите ФВ проекти во Европа со вкупна планирана инсталирана моќност од 204 MW. Вкупната вредност на инвестицијата се проценува на 130 милиони евра, каде повеќе од 35% од материјалите, опремата и вработувањето се од Грција, а за време на изградба на проектот се очекува да се генерираат над 350 работни места на локално ниво. Проектот опфаќа изградба на 18 фотоволтаични системи кои се протегаат на површина од 4.400 хектари. Со изградба се планира да се започне во октомври и истата да трае 16 месеци, со што проектот треба да биде целосно оперативен до првиот квартал на 2022 година.

Годишното производство на електрична енергија се проценува на 350 Gwh, што е доволно за да се снабдат над 75,000 домаќинства со чиста енергија со нулта емисија. Со ова ќе се постигне намалување на емисијата на јаглерод диоксид на годишно ниво за 320,000 тони, што претставува еквивалент на 1,1 милиони хектари шумска површина. Проектот се спроведува како дел од среднорочните стратешки цели на  менаџерскиот тим на  Групацијата Хеленик Петролеум, со кои се предвидува инсталација на 600 MW капацитет за обновливи извори на енергија до 2025 година и 50% подобрување на влијанието на Групацијата врз животната средина до 2030 година.

Како дополнение, на 5-ти октомври 2020 година, HELLENIC PETROLEUM FINANCE PLC, подружница во целосна сопственост на ХЕЛЕНИК ПЕТРОЛЕУМ СА, успешно го заврши процесот на издавање нови обврзници со номинална вредност од 99,9 милиони евра, со каматна стапка од 2,42%. Овие обврзници се дел од веќе постоечките обврзници кои доспеваат во октомври 2024 година и беа понудени преку приватни пласмани. Издавањето на новите обврзници беше запишано од страна на избрани институционални инвеститори, при што Европската банка за обнова и развој учествуваше со 75%.

Трансакцијата го поддржува подобрувањето и диверзификацијата на финансирањето на Групацијата, со што се воспоставува нејзино постојано присуство на меѓународните пазари на капитал, со учество на најголемите финансиски институции. Во исто време, се постигнува понатамошно намалување на трошоците за финансирање. Собраниот капитал ќе се искористи исклучиво за спроведување на овој голем ОИЕ проект во Кожани.

Андреас Сиамисис, главен извршен директор на Хеленик Петролеум изјави: „Ни претставува задоволство да го објавиме завршувањето на аквизицијата на проектот за фотоволтаици во Кожани, како и обезбедувањето на неговото финансирање. Ова ја потврдува нашата посветеност кон забрзано спроведување на нашата стратегија за транзиција кон чиста енергија и диверзификација на портфолиото, и покрај кризата со COVID-19. Во исто време, обезбедуваме материјален придонес за локалната и за националната економија. Покрај тоа, успешното издавање на Еврообврзницата, под исклучително поволни услови, во моменталните нестабилни услови на опкружување и учеството на ЕБОР, претставуваат гласање на довербата во стратегијата на Групацијата за разновиден модел и подобрен еколошки отпечаток “.


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност