1,8 милиони денари за цветно Скопје
Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2013
Денеска стратува есенската акција со засадување на 1.000 хризантеми во кружниот тек на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Со акцијата во Скопје ќе се засадат 250.000 парчиња цвеќе од кои 200.000 темјанушки и 50.000 хризантеми.
- Денеска засадивме на кружниот тек „Теодоси Гологанов“, а ќе се сади и на истоимениот парк, по булеварите во Аеродром, Центар, Гази Баба, Чаир, Карпош и Ѓорче Петров. За петнаесет дена ќе бидат засадени сите цвеќиња каде Скопје ќе заличи на еден прекрасен цветен град, рече градиначалникот Коце Трајановски.
Истакна дека за реализација на овој проект се издвоени 1,8 милиони денари од Буџетот на Град Скопје.
Оваа пролет беа засадени околу 400.000 цвеќиња, а во текот на мај и 25.000 рози. Следната пролет планирано е да се засадат уште 10.000 рози.