1 МАЈ сончево и облачно, попладне дожд и грмежи
Објавено во: Македонија 01 Мај, 2017
Денеска е први мај. Денот на трудот кој некои ќе го поминат на пикник со пријателите и семејството.
Доколку и вие припаѓате на оваа група тогаш имајте на ум дека денеска времето нема да е погодно за излети.
Се очекува сончево време и локална облачност.
Попладне ќе има локална нестабилност особено во западните предели и истата ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Што се однесува до температурата таа ќе се искачи во интервалот од 22 до 28 степени.
За деновите кои следуваат се најавува многу топло време.