Добивај вести на Viber
Иако економската криза го тресе светот, овие богаташи воопшто не се двоумеле дали разумно ги трошат своите пари. Некои нивни каприци може да се карактеризираат како интересни, а некои како крајно бизарни. Наведените работи се купени во периодот од јуни 2011 до јуни 2012 година.
1. Еден богаташ за 1.500 долари на аукција купил хоt дог наречен "Мike," кој бил најскапиот хот дог на светот направен од говедско месо, со сос од рак и посебен традиционален сос од шафран. Светлата страна на оваа приказна е што средствата подоцна биле префрлени за бездомниците во Арканзас.
2. Маж од Охајо во една продавница платил околу 14 долари за она што мислел дека е врамен постер од Пикасо. Но, подоцна испаднало дека станува збор за оригинален линорез кој Пикасо сам го направил во 1958 година за изложба во јужна Франција. Месец дена подоцна, мажот кој го купил линорезот за 14 долари, му го продал на еден богаташ за7.000 долари.
3. Кога на богаташ му се јаде чоколадно киндер јајце ни, 11.200 долари не се преголема цифра. Чоколадото е направено од Вилијам Карли кој тврди дека на него работеле седум уметници кои се занимаваат со изработка на десерти од чоколадо. Јајцето било тешко околу 50 килограми, а сите украси на него изработени се рачна изработка.
4. Еден стоматолог купил заб од покојниот Џон Ленон за неверојатни 31.200 долари.
5. На продажба биле ставени и забите на тираносаурусите. Еден од нив бил купен за 56.250 долари на аукција во Лос Анџелес. Станува збор за еден од најголемите заби на тираносаурусите кој е пронадејн во Монтана. Купувачот останал анонимен.
6. Анонимен купувач за шише виски Glefiddich од 1955 година издвоил 94.000 долари, но сите пари отишле за хуманитарни цели.
7. И старото вино е скапо. Приватниот колекционер на вина Кристиан Ванек купил шише Château d’Yquem од 1811 година за 115.000 долари. Ова шише вино старо околу 200 години се смета за едно од најдобирте Bordeaux вина од една од најдобрите берби на светот.
8. Сто години после потопувањето на Титаник, менито на еден патник од прва класа се нашло на аукција во Лондон и постигнало цена од 122.000 долари.
9. За 50 години, колкава вредност ќе има плакатот од новиот промовиран Џејмс Бонд, сеуште не е познато, но плакатот за филмот од 1971 година е продаден за 129.000 долари.
10. Најскапата играчка во Велика Британија чини 139.400 долари. Станува збор за борбен брод изграден во 1905 година под името HMS Terrible. Овој брод е всушност реплика на бродот на британското кралство кое го изградил германскиот произведувач на играчки Marklin. Купувачот не е познат.