10 непознати факти за Google
Објавено во: Стил
15 Август, 2014 08:38
Добивај вести на Viber
На 19-ти август 2004 година американскиот интернет концерн Google го прослави своето берзанско деби на технолошката берза Nasdaq со номинална цена на акциите од 85 долари за готово. Од тогаш наваму компанијата има стабилен раст.
Минатата година американската корпорација прослави 15-годишен јубилеј. На 4 септември во далечната 1998 година Лери Пејџ и Сергеј Брин започнаа со работа преку мала компанија во Менлоу Парк, Калифорнија, која подоцна ја развиваат во мулти милијарден доларски глобален бизнис.
Првично пребарувачот Google се викал BackRub.
Google го именува својот прв готвач Чарли Ојерс во ноември 1999 година, кога компанијата има едвај 40 вработени. Со времето Ојерс станува првиот менаџер на готвачите, кој е одговорен за 150 вработени во 10 кафулиња во седиштето на компанијата во Маунтин Вју, Калифорнија.
Од 2010 година Google стекнува во просек по една компанија неделно.
А оваа година Google слави десетгодишен јубилеј на берзата. По тој повод од WSJ селектираат листа со десет помалку познати факти за компанијата.
1 Компанијата најмногу заработува од реклами
2 Многумина во Силиконската долина не верувале во Google пред IPO
3 Основачите Лери Пејџ и Сергеј Брин сеуште се дел од управата
4 Дебито на берзата ги направи над 1000 од вработените милијардери
5 Google планира да ги поврзе со интернет и оние делови од земјата каде што сега нема
6 Првата канцеларија на Google била во гаража
7 Таткото на Лари Пејџ, Карл е пионер во информатиката
8 Google чита над 60 трилиони веб портали
9 Се уште може да го видите изгледот од 1998
10 Првото куче „вработено“ во Google се вика Јошка
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: