05 Декември, 2025
0.0304

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Објавено во: Економија 04 Декември, 2025 22:25

Добивај вести на Viber

Гостин во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески е м-р Александар Манев, главен извршен директор на „Кроација осигурување“ АД, друштво за неживотно осигурување Скопје, и член на УО на Стопанската комора. Во поткастот се разговора за состојбите со осигурителниот сектор и за економијата во државата.

М-р Mанев својата кариера ја започнал како кредитен службеник во „НЛБ банка“ АД Скопје, во делот на ритеил-банкарството. Потоа преминува на позицијата генерален директор во „Илирика фаунд менаџмент“ АД Скопје, каде што е одговорен за воведување општи политики и најдобри бизнис-практики и за изработка на макроекономски анализи, проекции и деловни планови.

Од 2020 година е главен извршен директор на „Кроација осигурување“ АД, друштво за неживотно осигурување Скопје. Како што истакнува, „Кроација осигурување“ значи фер пристап и доверба: „Од компанија која во 2020 година имаше приход од 6 милиони евра од премија, годинава ќе ја завршиме со приход од 25 милиони евра“, вели Манев. Тој нагласува дека најважни се квалитетот и луѓето во компанијата, а потоа бројките:

„Бројките се важни, но духот на една компанија го прават луѓето.“

Тој додава дека компанијата има цел и јасна визија, силен тим и стабилни финансии, а паралелно, чекор по чекор, воведува и дигитални технологии, со особено внимание на сајбер-ризиците.

Зборувајќи за својата компанија, Манев вели дека компанијата е на третото место според нето-полисираната премија, а на петтото според бруто-полисираната премија од вкупно 11 осигурителни компании. Дополнително нагласува дека се лидери во приватното здравствено осигурување и дека нудат најквалитетни услуги во овој сегмент.

Од 2018 година Манев е сопственик на „Фактор медиа груп“ Скопје, па така управува со една од најрелевантните и најпосетуваните медиумски групи во земјава (Faktor.mk – бизнис и економија, Zenskimagazin.mk – женски магазин и Maskimagazin.mk – машки магазин).

Запрашан за своето влијание во уредувачката политика, тој истакнува:

„Како и во секој бизнис така и во медиумите треба да се вработат најдобрите луѓе и да се остават самите да ја вршат својата работа.“

Покрај професионалниот ангажман, тој е претседател на асоцијацијата АЛУМНИ на Економскиот факултет при УКИМ Скопје. За Факултетот вели дека со новиот начин на работа и со свежите идеи на младите професори подготвен е за новите времиња и предизвици. Сепак, истакнува дека странските универзитети на кои се дообразувал – Универзитетот „Шефилд“ во Англија, „Сити колеџ“ во Солун, Школата за менаџмент во Блед, Словенија, и Универзитетот „Нортвестерн“ во САД (програма Келог за извршни директори) – имаат поинаков пристап: учење преку студии на случај, решавање проблемски ситуации и значајно учество на практичната настава.

Во поткастот Манев открива и дел од своите лични интереси – љубовта спрема планинарењето и читањето книги, особено од автори кои се успешни бизнисмени.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Бриселска регулатива наместо санкции – Унгарија и Словачка против рампата за рускиот гас

Бриселска регулатива наместо санкции – Унгарија и Словачка против рампата за рускиот гас