06 Декември, 2025
0.0377

10 работи кои не научи COVID-19

Објавено во: Колумни 10 Март, 2021 07:00

Добивај вести на Viber

Со самата објава за пронаоѓање на вакцината за превентивна заштита од вирусот COVID-19 започнаа и плановите за враќање во нормала, поточно состојба која ја знаевме како нормална во периодот пред појава на вирусот, во периодот пред ригорозните мерки кои познатата реалност трајно ја изменија. Велам трајно бидејќи покрај огромните последици кои неминовно ќе остават траг во општеството и во светската еконoмија воопшто, ќе има и доста научени лекции и поуки за кои претходно или несакавме да ги разбереме или сметавме дека се невозможни и неприменливи. Во понатамошниот текст ќе се обидам да ги нотирам сите придобивки кои ја потврдија старата поговорка дека ,,во секое лошо има и нешто добро,,.

1.  Се разбива митот дека работата на работното место е поефективна од работа од дома. Имено, не само што ова не е така туку и голем дел од работните места, посебно од големите работни организации подеднакво квалитетно дури и поквалитетно се извршуваат од работа од дома. Сите работни позиции кои би можеле да се изведат со користење на елетронски уреди, телефони, лап-топ компјутери, комјутерски апликации и сл. можат без никаква задршка да продолжат да фунционираат со работа од дома. Би сакал да потенцирам дека најидеален начин на функционирање е можеби комбинација на овие два концепта на работа но никако тука не би го потценил концептот за работа од дома.

2.  Промена на свеста на луѓето за потребата од менување на работното место. Тука треба да се истакне дека пандемијата ни покажа дека најдобро ќе опстанат тие луѓе и бизниси кои имаат стекнато повеќе вештини и имаат повеќе знаење. Овие луѓе и бизниси полесно се прилагодуваат на настанатите промени кои несомнено доаѓаат, без разика дали пандемијата ќе заврши или нема. Промените се дел од новата реалност која е диктирана од технолошкиот напредок, но и од менување на навиките на луѓето како консументи но и како претприемачи. Кој најбрзо ќе успее да се прилагоди во други услови и околности, тој ќе има поголема предност пред другите. Наједноставен пример за ова е продажбата на храна со достава до купувачот, продажба на текстилни и друг вид на производи online.

3.  Поуспешно користење на комуникациските апликации и нивно прилагодување на потребите. Факт е дека апликациите како MC Teams, Skype, Zoom итн станаа неизбежен дел од нашата реалност. Но тоа никако не е лоша работа. Напротив. Ние како жители на една средно развиена економија секогаш ќе имаме потешкотии во надминување на разликите и предностите што ги имаат стекнато поразвиените економии. Со користење на овие алатки не само што полесно стапуваме во контакт со најразлични обуки, предавања,семинари, курсеви итн, преку нив лесно стапуваме во контакт со големите авторитети во светската економија од кои рамноправно со нашите колеги, вработени од иста бранша, од различни страни на светот имаме подеднаква можност и пристап до информации.

4.  Учењето не е повеќе привилегија на најразвиените земји. On line учењето ги покажа сите свои недостатоци но и предности во периодот што измина. Многу млади кои заминуваа во развиените економски земји за да го стекнат своето образование, и по правило повеќе никогаш не се враќаа назад, сега можат да посетуваат настава од дома, а да стекнуваат знаење и вештии надвор. Се разбира системот на on line учење ни од далеку не може да го замени класичното посетување на настава, но повторно некоја комбинација ( на пример следење на настава on line, а полагање на испити или практична работа on side) можеби е идеална комбинација за поуспешно стекнување со знаење и квалификации за младите луѓе.

5.  Користењето на интернетот и можностите од информациите добиени од таму. Периодот на најригорозните мерки по насоки на државните органи, односно периодот поминат во т.н. lockdown ни отстапи огромен простор за search-ање по интернет страниците и на некој начин се остави простор за засадување на зрна од идеи кои подоцна ќе се развијат и би можеле да пораснат во нешто големо и корисно. Свесноста за океанот од информации кои се кријат од другата страна на жицата, никогаш како до сега не биле развиени. Сега и најмалите деца знаат дека ако сакаш да ја дознаеш и најосновна работа за некоја проблематика, доволно е да го изгуглаш зборот или синонимот, и информацијата е пред тебе.  Несакам да кажам дека информациите преку интернет не ни биле достапни од претходно, туку кажувам дека lockdown-от ни “даде” повеќе време за тоа.

6.  Намалување на трошоците за живот. Намалената можност за социјална интеракција поради мерките и ограниченото работно време на повеќе продавници за храна, текстил, угостителски објекти итн не ,,принуди,, да заштедиме дел од личните примања. Ваква акумулација може да охрабри голем број од вработените кои работеле за ,,плата,, акумулираните сретства да ги вложат во бизнис кои може понатака да го растат и развиваат. Се разбира ова не е едоставен процес, но и не е идејата тоа да биде масовно, туку само за најхрабрите кои ќе се охрабрат да го повлечат првиот чекор.

7.  Поттикнување на креативноста. Самото појавување на состојбата на пандемија, која е нова за целото човештво ја буди кративноста, ги тера луѓето да бараат решенија за проблеми кои дотогаш не постоеле. Поттикнувањето на размислување ја буди креативноста. Многу е тешко, веројатно дека сите идеи кои ќе произлезат од оваа ситуација ќе бидат добри, но секако и еден мал процент од нив да се корисни, ќе добиеме многу, не само ние како граѓани туку и цело општество воопшто.

8.  On line продажба како феномен, кои се повеќе субјекти го користат. Стануваме глобален пазар, за да се продаде некој продукт немора да е тоа локална продажба, може да се продава и глобално. Е-commerce како опција за продажба се повеќе ќе биде присутна. Впрочем компании како Amazon, E-bay, Aliexpress итн. нема лесно да го преотстапат пазарот назад на класичните навики на купувачите. Физичките продавници нема да се конкурентни.Тие ќе ја изгубат предноста бидејќи генерираат повеќе трошоци за ангажман на ресурси кои on line продажбата ги нема но и ,,благодарејќи,, на рестрикциите кои призлегоа од мерикте од Covid-19 пандемијата, дојде до промена на навиките на потрошувачите кои ги искусија предностите на on line продажбата.

9.  Можност за подобрување и измени во бизнис моделот. Желбата за враќање на старите патеки ќе поттикне многу бизнисмени на мешање на неколку сродни бизниси во еден. На пример,подготвувачите на храна кој дистрибуираат храна, во исто време можат да конкурираат и на бизнисот на достава т.е. да доставуваат и други сродни или не продукти. Можностите за комбинирање на бизнисите сега се поблиску од било кога. Времето ќе покаже дали потесната специјализација или дизерфикација ќе биде подобро решение, но сепак треба да се проба и да се види.

10.  Мобилна канцеларија... идејата дека за бизниси кои имаат мали фрекфенции на средби со клиенти, со достапна електронска подршка е возможно буквално во секое место, во секое време да имате можност за состаноци, презентации, обуки итн. Секое кафуле со пријатна атмосвера може да биде канцеларија, многу попријатна и покреативна од досегашните.

  Владимир Лакински

  http://linkedin.com/in/vladimir-lakinski-663967aa

 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Зеленски „под контрола“!

Зеленски „под контрола“!

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?