Добивај вести на Viber
Цената на горивото дефинитивно во последно време ги „гори“ џебовите на многу граѓани.
Ви претставуваме неколку совети како да заштедите при возењето и како да ја намалите потрошувачката на гориво.
1. Наутро загрејте го моторот барем 1-2 минути пред да тргнете. Ако тргнете со висок саух, беспотребно трошите повеќе гориво.
2. Кога застанувате, на пример пред семафор, возете во брзина, не во лер или со притиснат кумплуг.
3. Не забрзувајте и не кочете ако нема потреба, одржувајте го темпото на возење и темпирајте го возењето од еден семафор до друг.
4. Не вклучувајте непотребно разни уреди кои ја зголемуваат потрошувачката - клима уред, греач на стакла, греач на седишта итн.
5. Слабо напумпаните гуми секогаш ја зголемуваат потрошувачката, вашиот автомобил потешко забрзува, а со тоа моторот троши повеќе гориво. Затоа, често проверувајте ги.
6. Редовно одржувајте го возилото. Техничката исправност е клучен фактор во потрошувачката на гориво.
7. Немојте беспотребно да го оптеретувате и решете се од сите непотребни работи кои ги превезувате. Испразнете го багажникот од непотребните предмети кои ја зголемуваат тежината на возилото.
8. Во што пократок период треба да ја префрлите брзината на менувачот во повисок степен, со што помалку задржавање во неутрална брзина. Моторот треба да го држите во секој пренос со оптимален број вртежи. При возење во град треба почесто да се менува степенот на пренос.
9. Најдобро е да се дотура гориво наутро, затоа што кога е поладно - горивото е погусто. Во лето, кога температурите се високи избегнувајте да го полните резервоарот до врв. Горивото непотребно ќе испарува.
10. При поголема брзина не возете со отворени прозорци - струењето на воздухот ја намалува аеродинамиката и создава поголем отпор.