19 Мај, 2024
0.0337

10-те најзначајни светски настани во 2015

Објавено во: Свет 26 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Телевизија „CNN“ не пропушти и оваа година да ја претстави листата на најзначајните настани во изминатите дванаесет месеци. За изготвување на распоредот медиумот се распрашувал до експерти од различни области.

Избраните настани се токму оние кои влијаеле на најмногу луѓе и имаат последици кои сите ние долго ќе чувствуваме. Еве како изгледа топ 10 листата:

10. Бегството на нарко дилерот Хоакин Гузман - Ел Чапо од затвор во ископан тунел. Престапникот и досега не е фатен.

9. Куба и САД ги стоплија односите. На пат е да се врати „златната ера“, кога Американците одеа на островот да играат во казината, да трошат пари и да уживаат во животот.

8. Силниот земјотрес во Катманду, Непал, во кој загинаа над 8.000 лица и ја промени дури висината на Еверест.

7. Одбивањето на Иран од развивање на нуклеарно оружје и симнување на санкциите против оваа земја.

6. Војната со „Исламска држава“ на коалицијата на САД, а исто така и мешањето на Русија во Сирија.

5. Соборувањето на рускиот авион од турските воздухопловни сили. Тоа ги влоши односите помеѓу двете држави и овој проблем најверојатно ќе тежи уште долго на нив.

4. Нападот на терористите над редакцијата на „Шарл Ебдо“ во Париз. Загинаа 12 лица, двајца браќа-терористи беа убиени од француските специјалци.

3. Несреќата со германскиот патнички авион на компанијата „Germanwings“. Ужасната постапка на вториот пилот Андреас кој намерно го насочил авионот кон земјата.

2. Бегалците од Сирија, според последните податоци тие веќе го достигнале бројот од 2 милиони луѓе. Бранот од луѓе ја соочи Европската унија пред невидена криза досега.

1. Способноста на „Исламска држава“ да нарачува тероризам во целиот свет, не само во регионот на Блискиот Исток. За пример се дадени атентатите во Париз на 13 ноември и соборувањето на рускиот патнички авион над Синај, Египет.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети