ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите
Објавено во: Македонија, Балкан 19 Мај, 2024 11:49
Претседателот на СИРИЗА, Стефанос Каселакис му порача на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека ако Договорот од Преспа е предавнички, да го поништи.
„Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите, но нема да го сторите тоа, бидејќи Договорот е она што го посакувавте како партија“, вели лидерот на СИРИЗА.
Воедно му посочи дека им должи извинување на народот, на екс премиерот Алексис Ципрас и на поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, јави дописничката на МИА од Атина.
За време на предизборниот митинг во Солун во пресрет на европските избори на 9 јуни, Каселакис говореше за сите актуелни теми во Грција, но и за прашањата во грчката надворешна политика, осврнувајќи се и на Договорот од Преспа.
Додаде дека ако актуелниот грчки премиер има намера да го почитува Договорот од Преспа „како национално корисен“, постојат два морални предуслови, да му се извини на грчкиот народ, но и на поранешниот премиер Ципрас и поранешниот шеф на дипломатијата Коѕијас.
Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова на инаугурацијата ја испушти придавката „Северна“, по што од Грција имаше реакции дека ако нашава земја не го почитува Договорот од Преспа ќе следи вето. Договорот од Преспа е потпишан на 17 јуни 2018 година во Нивици и со него е надминат спорот за името меѓу двете земји.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




