20 Декември, 2025
0.0593

100% безбедно и безболно ласерско отстранување на диоптрија во Систина Офталмологија по промотивна цена до 1 септември

Објавено во: Мои пари 16 Јули, 2015 12:29

Добивај вести на Viber

Специјалната очна болница „Систина Офталмологија“ им нуди на првите 100 пациенти по промотивна цена од 450 евра по око трајно отстранување на диоптријата. Станува збор за крајно безбедна, безболна и брза интервенција со која засекогаш пациентите ќе се ослободат од очилата и леќите. Хируршките интервенции се прават во новиот рефрактивен оддел на „Систина Офталмологија“  во соработка со Клиниката „СVјетлост“ од Загреб, Хрватска, на чело со проф. Др. Никица Габриќ , признат експерт во светот, кој пред 18 години  ја направи првата ласерска операција за корекција на диоптрија во регионот. Оваа операција во светот се изведува веќе 30 години и преку 50 милиони луѓе го имаат направено овој зафат.

sistina 2

Операции веќе се прават, а минатата недела кај 20 лица беше успешно отстранета диоптријата. Хируршка интервенција на едно око не трае повеќе од 5 минути, а пациентите кои ги правеа се изјаснија дека не чувствувале никаква болка за време на интервенцијата и дека веднаш по операцијата гледале скоро 100%. Операциите за ласерско отстранување на диоптријата се изведени со LASIK метода со помош на Wavelight 400 HZ IQ  ласер, што претставува врвна технологија во светот, која гарантира максимална безбедност за пациентите и целосно отстранување на диоптријата која никогаш не се враќа. Проф. д-р Никица Габрич исто така своите очи ги оперираше токму со овој тип на ласер, цврсто убеден во неговата ефикасност.

sistina 4

Хируршките интервенции за трајно отстранување на диоптријата се резултат и на пред два месеци потпишаниот партнерски договор за соработка меѓу„Систина Офталмологија“ и клиниката „Свјетлост“ од Загреб која успешно ги прави овие операции веќе 18 години, а каде стручниот тим на „Систина Офталмологија“ беше два месеци на сеопфатна обука.

sistina 1

Со воведувањето на ласерска операција за отстранување на диоптрија во својата програма, „Систина Офталмологија“ се вброи во најмодерните клиники во регионот, овозможувајќи им на македонските граѓани врвна интервенција која сега можат да ја прават во својата земја.

Закажете термин на следниов линк

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии