18 Мај, 2024
0.6236

137 000 емигранти го преминале Медитеранот во 2015 година

Објавено во: Свет 01 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Рекорден број од 137 000 емигранти преминале опасен пат низ Средоземното Море, за да стигнат до Европа, само во првата половина на 2015 година.

Ова стои во извештајот на агенцијата за бегалци на ОН, според која бројот на дојдените во Европа на тој начин се зголеми за 83% во споредба со истиот период за лани.

„Европа доживува морска бегалска криза од историски размери“, се вели уште во текстот на ОН.

Според податоците се очекува ситуацијата во наредните месеци да се влоши поради летото и убавото време кое ќе го зголеми бројот на дојдовни емигранти.

Според комесарот за бегалци Антонио Гутиерес поголем дел од доаѓањето на континентот не се економски емигранти.

„Повеќето луѓе кои пристигнуваат по море во Европа, се бегалци и бараат заштита од војни и прогони“, изјавил тој.

Речиси една третина од пристигнатите емигранти во Италија и Грција - најпогодените од бегалскиот бран земји, пристигнуваат од Сирија, додека од Авганистан и Еритреја се 12%. Меѓу другите земји од каде доаѓаат многу емигранти, се Сомалија, Нигерија, Ирак и Судан, се вели во извештајот.

Оваа година се забележува и сериозно зголемување на смртните случаи при обиди за преминување на Средоземното Море. До сега загинатите се вкупно 1867 лица, и тоа само за април оваа бројка е 1308 лица.

Со доаѓањето на толку многу емигранти стана сериозен проблем за ЕУ, ​​како што и земјите членки продолжуваат да размислуваат за опции за справување со кризата. Зголемениот број на луѓе кои пристигнуваат во Грција и Италија пред да продолжат кон другите европски држави, предизвика голем број на спорови и антиемигрантски реторики во многу европски земји.

Можеби ќе ве интересира

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници