15 апокалиптични предвидувања за 2016 од јасновидецот број еден во Велика Британија
Објавено во: Стил 28 Декември, 2015
Ако пророштвото е дисциплина која ве интересира и сакате да слушнете што зборуваат оние кои наводно може да погледнат во иднината, прочитајте го пророштвото за 2016 година на Крег Хамилтон-Паркер, скандалозен и број еден британски јасновидец.
Крег Хамилтон-Паркер помеѓу другото соопштил и за обидот за убиство на германската канцеларка Ангела Меркел и дека ќе дојде до зајакнување на десницата во Шпанија, Италија и Франција, поради што ќе има големи нереди по улиците во овие земји ...
Еве што друго предвидува Хамилтон-Паркер:
- Меѓународната терористичка група „Исламска држава“, активна во Германија, ќе се обиде да ја убие канцеларката Ангела Меркел.
- Доналд Трамп ќе се повлече од трката за Белата куќа поради болест, а битката ќе ја продолжат Буш и Хилари Клинтон. Конечно ќе слават републиканците.
- Ќе се зајакне десницата во Шпанија, Италија и Франција, што ќе доведе до големи немири на улиците.
- Комета или астероид многу брзо ќе се приближува кон Земјата, а научниците нема да имаат поим за тоа.
- Индиската економија ќе продолжи да расте, но затоа ќе дојде до распаѓање на кинеската валута, по турбуленциите.
- Ќе се случи политички скандал, откако ќе се појават слики на кои севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе биде гол.
- Турција ќе ги нападне Курдите во Сирија.
- Ќе дојде до нов бран бегалци од Украина и Грузија, бидејќи Русите ќе дејствуваат поостро.
- Голем земјотрес на Хималаите ќе доведе до пукање на акумулациите.
- Невидени врнежи ќе расипат дел од Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
- Ќе се случи референдум, поврзан со Европската унија и излегување на некои земји од заедницата.
- Пожар ќе проголта една од историските холандски згради и некои ремек дела ќе бидат целосно уништени.
- Во борбата против терористите, односно во нивното набљудување, ќе се применува нова форма на нанотехнологија.
- Принцот Филип, војводата од Единбург, ќе се разболи сериозно и со операција ќе му го спасат животот.
- 2016 ќе биде година на ненадејни промени во природата, а морето ќе „проголта“ еден јапонски остров.