190 специјалисти и супспецијалисти ќе циркулираат низ Македонија
Објавено во: Мои пари 11 Август, 2013
Од први септември доктори од Скопје и Охрид ќе вршат прегледи низ градовите во земјава. стартува проектот Дисперзирана клиника со кој 190 специјалисти и супспецијалисти ќе циркулираат низ Македонија.
Ресорниот министер Тодоров тврди – со реализација на проектот ќе се подобри услугата, ќе се растеретат скопските здравствени центри.
Граѓаните ќе можат да ги закажат прегледите телефонски. Во моментов се пополнува календарот за прегледи од септември до декември.
На годишно ниво од буџетот ќе се одделуваат до 8 милиони денари, пари од кои ќе се покријата патните трошоци и дневниците за докторите.