18 Мај, 2024
0.0285

2,26 милијарди денари дивиденда ќе исплати Македонски Телеком за 2014 година

Објавено во: Економија 15 Април, 2015

Добивај вести на Viber

На својата годишна седница која се одржа денеска Собранието на Македонски Телеком АД - Скопје ги усвои Годишната сметка, консолидираната Годишна сметка, ревидираните Финансиски извештаи, ревидираните консолидирани Финансиски извештаи и Годишниот извештај за работењето на Друштвото за 2014 година

Исто така на седницата е донесена одлука за исплата на дивиденда за 2014 година во вкупен бруто износ од 2.262.857.170,00 денари, односно бруто износ од 26,23 денари по акција.

Собранието на седницата усвои Oдлука за распоредување на нето добивката, остварена по Финансиските извештаи на Друштвото за 2014 година, подготвени во согласност со општо прифатените сметководствени принципи во Република Македонија, во износ од 2.262.857.170,00 денари за исплата на бруто дивиденда.

Исто така е усвоена и Oдлуката за исплата на дивиденда за 2014 година во вкупен бруто износ од 2.262.857.170,00 денари, односно бруто износ од 26,23 денари по акција (заокружено на две децимали).

Имено, Македонски Телеком од бруто износот на дивиденда, каде што е применливо, при исплатата ќе ги задржи и уплати сите даноци, согласно важечката даночна регулатива во Република Македонија на датумот на исплата.

Право на дивиденда за 2014 година имаат сите акционери кои ќе бидат евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД - Скопје на ден 04.05.2015 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2014 година е 28.04.2015 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2014 година е 29.04.2015 година. Исплатата на дивидендата за 2014 година ќе се изврши во периодот помеѓу 18.05.2015 и 29.05.2015 година.

Македонски Телеком АД - Скопје ќе ги информира акционерите во врска со деталите поврзани со исплатата на дивиденда, со соодветно известување во најмалку еден дневен весник кој излегува на целата територија на Република Македонија, на интернет страницата на Македонската берза на хартии од вредност, како и на официјалната интернет страница на Друштвото.

На седницата, Собранието одобри склучување на Рамковен договор за заем помеѓу Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со максимален износ од 615 милиони денари со девизна клаузула по комерцијални услови, со рок на враќање најдоцна до 31.12.2015 година.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа