2 Години Концепт 37
Објавено во: Мои пари 02 Јули, 2015 13:38
Арт кафулето „Концепт 37“ се отвори пред две години и за кратко време успеа да се издвои и профилира како место кое дише со дух и автентичност, собиралиште на слободоумни луѓе со иновативни и прогресивни идеи кои ја препознаваат есенцијата на овој концепт-бар, кој постојано ги растегнува границите на имагинацијата. „Концепт 37“ кој се наоѓа на ул. Рузвелтова 37, за вториот роденден подготви недела полна со настани, изложби, инсталации и артистички манифестации.
Петок 3 јули - Во текот на денот ќе има акција во која за едно фредо кафе, ќе добиете две, а за една купена книга од издавачкиот центар „Три“, ќе добиете две книги. Вечерната забава ќе биде со Lephonq, а за еден коктел посетителите ќе добијат два.
Сабота 4 јули - Гостуваат организаторите на „GIFEST“ од Суботица кои во 2000 часот ќе одржат предавање за оваа визуелна форма, а од 2100 часот ќе има и видео мапинг на гифови од фестивалот GIFEST. Мапингот ќе биде следен со 2 VJ-a од StreetFM 107.4 радио.
Недела 5 јули - Програмата почнува од 1100 часот, кога ќе се одржи работилница за изработка на гифови преку коja посетителите ќе можат да ги визуелизираат своите идеи.
Присуството е бесплатно, а сите заинтересирани креативци за работилницата за изработка на гифови, можат да се пријават на ФБ страницата на „Концепт 37“ https://www.facebook.com/C37.mk
Среда 8 јули - StreetFM радио 107.4, заедно со Concept 37, организира концептуална забава.
Четврток 9 јули - Од 1900 часот ќе гостува Марко Настиќ од Белград, кој ќе одржи интерактивна ДЈ работилница, a подоцна од 2200 часот ќе има и свој ДЈ сет.
Петок 10 јули - Од 2100 часот ќе се одржи изложба на илустрации „Изложба 2“ во која двајца артисти ќе се обидат да се надоврзат на иста идеја за постер, креирајќи поединечно.
Бидете во тек и приклучете се на настанот за оваа недела:
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете





