15 Мај, 2024
0.0334

20 години градиме подобар работен работен свет во Р. Македонија

Објавено во: Мои пари 30 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

На 28-ми Ноември 2018 година ЕY Македонија, дел од глобалната компанија за професионални услуги ЕY, одбележа 20 успешни години на македонскиот пазар, со посебен инспиративен говор и гала вечер. На прославата беа поканети партнерите и пријателите на EY Македонија за заедно со нејзиниот тим да уживаат и да ја прослават годишнината. Кулминација на настанот беше мотивацискиот говор одржан од страна на Г-ѓа Менди Хиксон (Mandy Hickson) – поранешен пилот на кралските воздухопловни сили на Велика Британија.

20 години EY во Р. Македонија

Започнувајќи пред 20 години со само неколку вработени, денес EY Македонија е горда на своите 40 вработени лица и на стабилната позиција која ја ужива на македонскиот пазар.

EY Македонија е дел од EY CESA (регионот на Централна и Југо-источна Европа и Централна Азија) и веќе пет години дел од деловната практика која ги опфаќа следните држави: Бугарија, Р. Македонија, Албанија и Косово. Водено, пред четири години компанијата го промени својот назив од Ернст и Јанг (Ernst & Young) во EY.

Изјава на Николај Гарнев (Nikolay Garnev), одговорен партнер за EY во Р. Македонија, Бугарија, Албанија и Косово:

“Во последните 20 години не пораснавме само во бројки, многу поважно, пораснавме со искуство, стручност, самодоверба и обем на работа. Денес EY продолжува да се развива – обезбедувајќи корисни совети на приватни лица, претприемачки бизниси, големи јавни претпријатија и големи мултинационални компании. Ние се стремиме кон поддршка на претприемништвото - помагајќи им на компаниите да најдат клучни сојузи, партнерства, ресурси и решенија за да растат на меѓународните пазари. Преку ревизии и совети за квалитет што ги нудиме на бизнисот, се трудиме да изградиме доверба во финансиските пазари на земјата и исто така да им дадеме доверба на инвеститорите за поддршка на економскиот раст.”

Во пресрет на својата 20 годишнина, EY Македонија подготви специјален подарок за своите клиенти, партнери и пријатели- емотивна вечер со ценетата гостинка Г-ѓа Менди Хиксон, поранешен пилот на британските воздухопловни сили. Oткривајќи јарано својата љубов кон летањето, Менди (Mandy) морала силно да се бори за  исполнување на својата амбиција, да стане пилот на кралското воздухопловство.  Таа беше втората жена која управуваше Торнадо ГР4 во првата линија на фронтот, исполнувајќи три тури на должност и 45 мисии над Ирак. Во својот говор таа раскажа за достигнувањата и предизвиците во нејзината кариера, а истотака и за важноста на целтта и поттикот, како и вредноста на тимот, на кој можеме да сметаме – сите овие се еднакво значајни за секоја компанија која се стреми кон успех.

***

EY е глобален лидер за ревизија, даночно усогласување и советодавни услуги. Нашите искуства и квалитетот на услугите кои ги испорачуваме, придонесува кон градење на доверба во пазарите на капитал и во економиите во светот. Ние развиваме извонредни лидери обучени да ги исполнат нашите ветувања консите наши заинтересирани страни. Притоа, играме клучна улога во градењето на подобар работен свет за нашиот народ, за нашите клиенти и за нашите заедници.

EY се однесува на глобалната организација и може да се однесува на една или повеќе фирми членки на Ernst & Young Global Limited, од кои секоја е посебно правно лице. Ернст & Јанг Глобал Лимитед, компанија во Обединетото Кралство е ограничена со гаранција и не обезбедува услуги за клиенти. За повеќе информации за нашата организација, посетете ја нашата веб страна ey.com

Можеби ќе ве интересира

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија