„ОВА НЕ Е МОЈАТА ЕВРОПА, И САМИТЕ ШВАЈЦАРЦИ СЕ ЗГРОЗЕНИ ОД СВОЈОТ ПРЕТСТАВНИК“ - професорот Трајко Славески многу се разочара од Евровизија
Објавено во: Македонија 13 Мај, 2024
Професорот Трајко Славески, поранешен министер за финансии и претседател на Советот на Град Скопје, на платформата „X“ ја поздрави одлуката што Македонија не учесвтува на Евровизија, потенцирајќи дека тоа не е неговата Европа.
„Ова не е мојата Европа! Беа вистинска сензација и заслужни победници пред точно 50 години. Подоцна, студирајќи економија, разбрав дека нивната екстравагантна облека, со третман на одбитна ставка во даночните закони, била со намена делумно да ги избегнат екстремно високите даночни стапки во родната им Шведска.
Две години подоцна во 1976 г., децата и ние младите тинејџери од моето маало со месеци ги потпевнувавме слатките ноти на победничката ‚Зачувај ги сите твои бакнежи за мене' во изведба на симпатичните Британци од групата Brotherhood of Men. Како и кај легендарната Аба, повторно два пара млади мажи и жени.
Само погледнете го овогодинешниот победник Немо, претставник на Швајцарија. Утрово читам коментари на Швајцарци кои се згрозени од претставникот на својата земја. Не се горди што се победници и тврдат дека би биле среќни доколку останеа со досега единствената победа на Евровизија, претставувани од прекрасната Cèline Dion.
Што да кажеме за сатанистичките пораки и перверзии кои се чини дека достигнаа кулминација на овогодинешното издание на Евровизија? Било, да не се повтори!“, напиша професорот на својот твитер налог.
„Професоре, ова не е ничија Евровизија е одамна фрик шоу на кое не треба да му се дава било какво официјално значење, не знам зошто државните телевизии сѐ уште земаат учество. Веројатно се мотивирани само од профитот, колку и да е фрик шоу, народот купува карти и гледа пренос“… - се согласи и професорот Никола Нелоски.
ОВА НЕ Е МОЈАТА ЕВРОПА!!!
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) May 12, 2024
ЧЕСТИТКИ ЗА ОДЛУКАТА МАКЕДОНИЈА ДА НЕ УЧЕСТВУВА НА ГОДИНЕШНАТА ЕВРОВИЗИЈА!
1/4 Беа вистинска сензација и заслужни победници пред точно 50 години. Подоцна, студирајќи економија, разбрав дека нивната екстравагантна облека, со третман на одбитна ставка во… pic.twitter.com/7Aeqjh9oh0
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.