18 Јануари, 2025
0.0292

20 кривични пријави во полициската акција „Шпион“

Објавено во: Мои пари 17 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

МВР за полициската акција „Шпион“ поднесе кривична пријава за 20 лица поради шпионажа, злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување, уцена и закана. Како што денеска соопшти министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, полицијата обезбедила доволно доказен материјал кој укажува на тоа дека се сторени овие дела. „Самиот факт што лицата кои добро знаеле дека класифицираните информации подлежат на специфичен режим на управување со нив, спротивно на тоа постапиле на начин што не само што не е во согласност на Законот, туку и на начин со кој биле свесни дека може да направат штета, го прави ова кривично дело само по себе дополнително сложено, иако ова е едно од најтешките кривични дела против државата“, изјави Јанкулоска за „Шпион“.
Групата била создадена во 2009 година, откако првоосомничениот добил отказ од Агенцијата за разузнавање. Во неа влегле и двајца кои во тоа време биле вработени во Агенцијата, еден вработен во УБК и еден кој претходно работел во военото разузнавање. Повеќето од информациите ги користела разузнавачката служба на една соседна држава, истакна Јанкуловска,  но не одговори  дали одлеаните информации им наштетиле на националните интереси на државата.
„Криминалната група дејствувала на тој начин што петмина за потребите на странски разузнавачки служби прибирале класифицирани тајни податоци и документи, за организациската поставеност и внатрешната структуираност на безбедносните и други институции, податоци за политичката и безбедносната состојба во државата, изборите, општата безбедносна состојба во државата  за можен ризик и ескалација во конкретниот период, програма за посета и престој на високи претставници на странски разузнавачки служби, имиња на лица кои биле во посета, за состојбите во верските заедниси што се однесувале и на радикалните структури во Македонија и во Албанија, за  структурите кои ги финансираат и други информации “, истакна Јанкулоска. По распитот на приведените во вчерашната акција „Шпион“ во полициска станица, двајца се пуштени на слобода, а се трага по тројцата осомничени, кои се недостапни за органите на прогон. Со одлука на судот, целата истрага за „Шпион“ ќе се води во тајност, бидејќи според назнаката, станува збор за исклучително доверлив доказен материјал.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ