20.000 ДОЗИ ФАЈЗЕР ДО КРАЈ НА АПРИЛ: Филипче најави ќе има поголеми пратки вакцини од повеќе производители
Објавено во: Македонија 14 Април, 2021
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска пред пунктовите за вакцинација пред спортскиот центар А1 Арена „Борис Трајковски“ најави дека врќе од понеделник ќе има нови пратки вакцини во Македонија. Првично се очекуваат 20.000 дози од производителот Фајзер/Бионтек, пратка која е дел од директните преговори со оваа фармацевтска компанија.
-Првата пратка од 10 илјади би требало да стигне на 19 април, а на 26 април и другата пратка од уште 10 илјади вакцини. Во тек е и комуникација со кинеската и руската амбасада од каде што се чека поголема количина пратки, а до крајот на месецот се очекуваат уште 76 илјади од „Астра Зенека, истакна министерот. Во текот на утрешниот ден почнува вакцинацијата на граѓаните од 73 и 74 години.
Во пунктовите во СЦ А1 Арена, како што најави Филипче, ќе останат уште околу 2.500 дози од Спутник V, ќе има и 2.000 дози од кинеските, како и 1.000 од АстраЗенека, количини за онолку граѓани колку што се пријавиле во оваа возрансна категорија граѓани.
Досега во земјава се вакцинирани околу 30 илјади граѓани, а денеска завршува имунизацијата на вработените во државната инфраструктура, односно припадниците на АРМ, пожарникари, медиумски работници, учителки и негувателки.
А.Б.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.