ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2024
СДСМ ИЗБРА НОВ ЦЕНТРАЛЕН ОДБОР
По завршувањето на 30-от конгрес на СДСМ, претседателот Венко Филипче вели дека имаат нова енергија и ентузијазам.
„На овој конгрес беше избрана нова заменик претседателка на СДСМ тоа е Фани Каранфилова Пановска на која ја користам и ова прилика да и упатам искрени честитки. Таа е човек кој се познавам долго време, знам дека цврсто верува и во себе ги носи социјалдемократските вредности. Учествувала во работата на многу граѓански организации и соработувала со други правни субјекти коишто ги делат вредностите така како што се поставени во постулатите на нашата партија. Истовремено беа избрани и нови членови на Централниот и Надзорниот одбор. Тоа беше процес на селекција на луѓе во изминатите 5 месеци од практично мојот мандат за претседател на партијата. Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации, имавме соодветни критериуми по кои беа избрани и на нив им посакувам успешна работа. Сметам дека ќе бидат одлични претставници во својот регион, на општинските организации“, вели Филипче.
ДОГОВОРЕНИ СЕ ДЕТАЛИТЕ ЗА ПАРИТЕ ЗА КОМПАНИИТЕ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ
Ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра- историски договор, со историски најниска каматна стапка, вели премиерот Христијан Мицкоски. Ова се однесува за парите од унгарскиот кредит.
„Имаме потврда од неколку банки, очекувам најголем дел од банките да застанат позади овој проект, односно овие 250 милиони евра конечно од понеделник да бидат поделени до оние на кои им е потребно, односно македонското стопанство. Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите“, вели Мицкоски.Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, до следната летна или есенска сезона се очекува да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз.
Тие ќе сообраќаат во Скопје и другите градови каде има организиран јавен превоз.
„Во моментов го скенираме пазарот и анализираме за колкав најбрз период можат да дојдат помеѓу 100 и 120 автобуси, но истовремено и начинот на плаќање да биде со одреден грејс период и на неколку полугодишни рати за да не биде товар на ликвидноста на Буџетот. Потоа тоа, би било пренесено до сите општини кои имаат организиран јавен градски превоз заедно со придружната инфраструктура како што се полначите за електрични автобуси за кои пресметавме дека ќе ни бидат потребни околу 50-тина“, рече Мицкоски.фото Фејсбук/Венко Филипче
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.